„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да направам?“
Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните другари, па секс експерт дава одличен совет за сите кои мака мачат со ова.

Да пронајдеш некој со кого ќе се зближиш и едвај чекаш повторно да се видиш не се случува секој ден, а читател на британскиот магазин Metro вели дека го живее неговиот сон, затоа што почнал да се состанува со прекрасна девојка, но и се жали за својот проблем – прераната ејакулација.
Неговиот проблем е што тој е толку возбуден од својата партнерка, што може да издржи само 30 секунди во кревет со неа.
Не звучи како голем проблем, нели? Погрешно.
За него е проблем затоа што тој е преплашен дека девојката од неговите соништа ќе го остави од фрустрација и не знае како да го реши тоа.
Неговата исповед:
„Пред нешто повеќе од пет месеци, запознав една навистина прекрасна девојка на забава.
Немаше да имам храброст да разговарам со неа бидејќи мислев дека е премногу добра за мене, но почнавме да разговараме и таа го направи првиот потег.
Оттогаш, имавме безброј состаноци, се допишуваме секој ден и работите одат навистина добро.
Сè е совршено освен во еден многу важен дел: сексот. Едноставно не можам да издржам долго во кревет, а тоа прави да се чувствувам ужасно.
Имав некои проблеми со издржливоста и во минатото, па ја одвраќав оваа девојка колку што можев подолго, но на крајот таа го снема трпението и ме одвлече во спалната соба.
Не беше изненадување (особено затоа што таа беше уште попривлечна без облека) што издржав само триесет секунди.
Најдов многу изговори, но таа одлично изреагира и рече дека нема проблем и ќе биде подобро во иднина.
Сепак, оттогаш мојата избрзана ејакулација се случуваше во скоро секоја прилика кога бевме интимни.
Да бидам искрен, не мислам дека некогаш сме имале одличен секс и покрај фактот дека се сложуваме навистина добро во секоја друга област.
Не знам колку долго ќе го трпи моето лошо водење љубов и колку повеќе се грижам за тоа, толку полошо станува.
Знам дека сум заробен во маѓепсан круг, но не знам како да излезам од него“.
