„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да направам?“

Тој бара совет од сексологот Лаура Колинс на магазинот Metro што да направи, а советот гласи:
„Верувај ми кога ти велам дека твојот проблем е прилично чест, иако се обложувам дека темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу тебе и твоите другари.
Како што знаеш, треба да се случи само еднаш за да стане голем проблем во твојата глава, а секако грижата за тоа само ја влошува ситуацијата.
Дури и да успеваш да ја одвратиш твојата девојка од секс за некое време, тоа нема да помогне бидејќи колку подолго чекате, толку е поголемо натрупувањето на сексуална напнатост и толку е поитно ослободувањето.
Проблемот ретко е траен и првото нешто што треба да го направиш е да разговараш со твојата девојка за тоа како се чувствуваш.
Предложи ѝ да го откажете пенетративниот секс неколку седмици и наместо тоа, да истражите многу други начини за споделување на сексуалното задоволство.
Отстранувањето на сексот од агендата ќе отстрани важен притисок, што секако е половина од битката.
Без разлика дали се самозадоволуваш или си со твојата девојка, научи да ги препознаваш знаците дека си пред кулминација, а кога ќе стигнеш до таа точка, паузирај што и да правиш и почекај чувството да се смири.
Постепено гради ја твојата самодоверба, сè додека не успееш да имаш секс без да се плашиш (и да создаваш) ситуација каде што ќе заврши премногу брзо.
Твојата партнерка сака да биде со тебе затоа што те сака, затоа немој да мислиш на себе како на безнадежен љубовник со девојка која е премногу добра за него.
Почни да веруваш во себе и ќе бидеш изненаден колку голема разлика може да направи позитивниот ментален став.
Ако проблемот продолжи, закажи посета кај твојот матичен лекар и искрено поразговарај со него“.
С. С. | Црнобело
