Поминете секси викенд!

pominete-seksi-vikend-povekjeСите нестрпливо го чекаме викендот! Тоа е она драгоцено време кое може да го поминеме со партнерот. Оние кои се во брак се мислат како да...

 

...ја избегнат рутината, а младите го чекаат со нетрпение. Како да поминете секси викенд со саканиот?

Петокот попладне можете да го искористите за планирање на активностите кои ќе ја освежат вашата врска, а вас двајца ќе ве зближат.

За почеток - филм во кревет. pominete-seksi-vikend
Токму така - романтична вечер во кревет. Може и после се да погледнете навистина некој добар филм - сигурно ќе се опуштите повеќе отколку да возите низ градската гужва во петок навечер, а барате паркинг место и да се гужвате во некое кафуле или дискотека.

Гответе заедно!
Немојте да не прашувате за рецепти, всушност не е ни важно што ќе готвите. Основната цел е да си го направите викендот забавен па може и да ги изгорите палачинките. А дали ќе носите кецела или ќе готвите голи - ви препуштаме да одлучите сами.

Чистете заедно!
Пуштете си ја омилената музика, средствата за чистење на куп... можете да направите апсолутно секси генералка. Останатото го препуштаме на вашата фантазија.

Мирно место во природа!
Сексот е неописливо добар, а природата има моќ која ги полни батериите. Нема да погрешите ако изберете планина, езеро или викенд покрај река.

И не заборавајте! Уживајте во викендот! Ве чека напорна недела!

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg