Зошто мажите се бакнуваат?

zosto-mazite-se-baknuvaat-povekjeПорано се сметало дека девојките се тие кои иницираат бакнување. Некои теории тврдат дека мажите се бакнуваат само затоа што тоа ги потсетува на...

 

...цицањето на мајчините гради. Постојат уште неколку теории за тоа зошто мажите сакаат да се бакнуваат.

1. Теорија за зависници
Звучи како да е теорија за некаков заговор, бидејќи тврди дека сите ние сме многу зависни од некакви хемикалии произведени во човечкото тело, кои се излачуваат преку усните. Според тоа, ние се бакнуваме само за да добиеме одредена количина од таа хемикалија. Тоа би можеле да го наречеме елементарна зависност.

2. Верување во здивотzosto-mazite-se-baknuvaat
Многу поелегантна теорија, но од таков вид што едноставно звучи неубедливо. Имено, таа тврди дека во дамнешни времиња луѓето верувале дека во здивот се крие човечката душа и сета негова сила. Значи, бакнувајќи се, разменуваме здивови, што не е ништо друго туку венчање на две души. Тоа е многу романтична мисла која можете да ја кажете во фазата на заведување.

3. Меѓусебно мирисање
Многу антрополози веруваат дека за човекот бакнувањето не претставува ништо друго освен она што за животните претставува меѓусебното мирисање. Кај обата вида се работи за начин на поздравување и обете дејства имаа еднакви последици. Од гледна точка на комуникацијата, тоа значи дека бакнувањето странец не ни значи ни приближно колку што ни вреди бакнувањето некој кого познаваме.

4. Полови феромони
Можеби теоријата за мирисање има донекаде смисла ако го земеме предвид фактот дека човекот за време на еволуцијата изгубил многу од своите основни природни способности. Секое топлокрвно животно, но и многу риби, низ кожата излачуваат полови хемикалии – феромони. Тие се оние кои ќе предизвикаат реакција кај спротивниот пол.

На пример, ако женката на лососот, која е подготвена за исфрлање на икрите, преплива близу некој мажјак кој е подготвен за оплодување, тој ќе ги совлада сите пречки што ќе му се најдат на пат кон женката. Но, овде зборуваме само за феромоните, односно за мирисот кој предизвикува целосно губење на главата.

5. Допир со градите
Теориите, кои исто така се доста убедливи, го вклучуваат старото верување за непрестајно враќање кон женските гради. Тоа нè наведува на помислата дека бакнежот е само миг кој нè носи во времето кога со целосно задоволство сме цицале од мајчините гради како доенчиња. Бидејќи во тие денови храната била она што за нас претставувало љубов.

Значи, усните уште од прапочетокот ни овозможуваат најпримерен начин на комуникација. Без таков бакнеж ние би останале гладни и несакани.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Имам 33 години и невина сум, кога е најдобро да се заг... „Јас имам 33 години и сè уште сум уште невина, дали е ова штетно за женското здр...
3 смели пози за орален секс со кои ќе му пружите на партнерот незаборавно задоволство (18+) Сте слушнале за секс позата „Спајдермен“? За многу мажи оралниот секс е задолжит...
„Магичен куршум“ – Секс поза која одлично ја стимулира Г-точката (18+) Идеална е за стимулација на Г-точката на партнерката, а ќе му се допадне и на па...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Секс поза „редена торта“ која го стимулира клиторисот (18+) Ако сте ја пробале секс-позата „лазања“, тогаш ќе сакате да ја пробате и „редена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg