„Не, ова не е љубов - туку немоќта на еден беден маж, кој со ќотек наплаќа за тоа што бил оставен од жена“

„Да, и ова е љубов... Кога раскинувањето се плаќа со хематоми и трауми. Кога мисли дека тој ја создал и дека без него не би била ништо. Кога на своето его не може да му објасни дека таа повеќе не го сака. - Не, тоа не е љубов!“, пишува Стефан Симиќ, српски писател, кој споделува ситуација на негова пријателка.

ne-ova-ne-e-ljubov-tuku-nemokjta-na-eden-beden-mazh-koj-so-kjotek-naplakja-za-toa-shto-bil-ostaven-od-zhena-01_copy.jpg

Стефан Симиќ е српски писател, поет и социолог, роден во 1989 година во Параќин, Србија. Студирал социологија на Филозофскиот факултет во Белград.

Се прославил споделувајќи свои стихови и проза на социјалните мрежи, како и записи од секојдневниот живот, кои брзо станале популарни меѓу читателите.

Овој пат зборува за физичкото насилство врз жените и како тоа е симбол за немоќта на еден маж.

Раскажува случка за негова пријателка и иако не сме сигурни дали приказната е реална или само инспирирана од реалност, дефинитивно допира до срце и, за жал, некои ќе се пронајдат.

Неговата објава гласи:

„Да, и ова е љубов.
Кога маж од педесет години и 120 килограми не може да поднесе што девојка од дваесет и нешто го остава, па малку ја турка по скали, па малку ја шутира.

Да, и ова е љубов.
Кога најзгодната девојка што ја познавам, завршува со тип што ѝ ветува кули и градови, а потоа секој разговор за раскинување го плаќа со ќотек.

Да, и ова е љубов.
Кога раскинувањето се плаќа со хематоми и трауми.

Да, и ова е љубов.
Кога мисли дека тој ја создал и дека без него не би била ништо.

Кога на своето его не може да му објасни дека таа повеќе не го сака.

Кога не сака да ја пушти и ја прогонува.

Да, и ова е љубов.
Кога плаќа за сето добро што било.

Кога мора да се брани од ѕверски напади.

Кога мора да се крие, или да најми некого да ја заштити.

Не, ова не е љубов.
Ова е посесивност, омраза, одмазда.

Не, ова не е љубов.
Туку немоќта на еден беден човек, кој со ќотек наплаќа за тоа што бил оставен.

Не, ова не е љубов.
Ова се модриците на мојата другарка, која прва ми ги праќаше нивните заеднички фотографии, а сега ми ги праќа своите модринки.

Не, ова не е љубов.

Ова е животот.
Кога ќе западнеш во светот на еден психопат,
кој на почеток е најзаводлив на светот, кој има сè и може сè.
Фраер каков што нема.
Прв, единствен и најдобар,
а потоа се претвора во чудовиште.

Од кое мораш со сите сили да се браниш,
за да не те убие“.

- Стефан Симиќ

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава