Таа размислува да ве изневери

taa-razmisluva-da-ve-izneveri-povekjeДокажано е дека голем број на жени никогаш не изневеруваат. Особено ако се среќни во врската. “Верноста е вградена во нас и е еднаква на потребата...

 

...да се мазиме или купуваме чевли“, пишува Laura Ongaro во списанието Men's Health.

А сега несреќните исклучоци: некои жени изневеруваат. Или ...многу изневеруваат. Приближно 25% од омажените жени се впуштаат во вонбрачен секс, додека процентот на оние кои не се омажени, е поголем.

Затоа треба да се води сметка за знаците кои можат да ви откријат дека таа планира изневера.

1. Полни 25, 30, 35 или... taa-razmisluva-da-ve-izneveri

“Округлите” родендени знаат да ги поттикнат жените да се фрлат во сексуални авантури. Жената, едноставно се запрашува: “Што направив во изминатите пет години?” “Таа тогаш ќе размисли за својот љубовен живот и за тоа во кој правец се развива.

Ако не иде во правец во кој таа сака, би можела да искористи шанса тоа да го поправи со љубовна афера” вели психологот Don-David Lusterman, автор на книгата “Неверство:Водич за преживување”.

Решение: Биди до неа. Постојат две ноќи кога секоја хетеросексуална жена сака маж до себе во креветот: Нова Година и нејзиниот роденден. Ако ја оставите сама, и давате дозвола и причина да ве изневери.

2. Добила унапредување

Жените сакаат да имаат планови и цели. А кога ќе го достигне врвот на кариерата, може да се запраша – а сега што?

Како следен предизвик може да ја избере врската, затоа што ако добро и оди постигнувајќи успех на деловно поле, тогаш ќе мора и својот љубовен живот да го доведе во ред. Исто така, според истражувањата на универзитетот Вашингтон, жените со поголеми плати, почесто изневеруваат.

Решение: Фалете се со нејзиното унапредување “Поголемиот дел од мажите прават грешка затоа што недовлно се фали со унапредувањето на своите девојки/жени” вели Scott Haltzman, асистент на професорот по психијатрија и човечко однесување на универзитетот Браун. “Кога ќе забележи дека се фалите со нејзе, ќе се чувствува дека ја цените, како и со она што го работи таа.”

3. Се вселува во вашиот стан

Да, тоа е сигурно нејзина идеја. Но, сега кога сте заедно 24 часа дневно и делите се, не постои потреба да разговарате еден со друг секој момент. “Таа потсвесно може тоа да ги интерпретира дека мислите таа е досадна” вели Stuart Fischoff, професор по психолигија на калифорнискиот државен универзитет во Лос Анџелес. “Ако некој, кој се врти околу неа ја смета привлечна и интересна, и тоа го покажува, би можела да падне на неговиот шарм.”

Решение: Разговарајте со неа. Разговарајте за иднината.

taa-razmisluva-da-ve-izneveri-24. Таа мисли дека вие изневерувате или сте изневериле

Аферите поради освета се чести. Жените им се препуштаат, со цел да пробаат да ја вратат самодовербата и со цел повторно да се чувствуваат посакувани.

Решение: Ако изневерувате или сте изневериле – признајте и извинете се. Истражувањето кое го спровела Peggy Vaughan, авторката на книгата “Мит за моногамијата”, покажало дека 86% од паровите, кои зборувале за аферата на едниот од партнерите, сеуште се во брак, во споредба со 59% од паровите кои едвај разговарале за тоа.

5. Од вас не добива доволно

Нивото на окситоцин, хормонот кој е главен и одговорен за потребата да бидеме интимни со другите, значајно се зголемува неколку моменти пред оргазмот. Овој хормон многу повеќе влијае на жените отколку кај мажите, така што жените развиваат поголема интимност за време на сексот со својот партнер. “Ако вие двајцата повеќе не водите љубов често како порано, таа би можела тоа да го интерпретира како знак дека таа веќе не ви е привлечна или дека повеќе не ја сакате” вели Fischoff.

Решение: Почесто водете љубов. Ако таа е таа која не сака секс со вас, истражете ја причината за тоа. Поправете ја ситуацијата.

6. Подготвена е да ја прекине врската

Уште една причина која жената може да ја натера на неверство е тоа што сака да ве напушти. Неверството може да ја уништи врската, па таа може да го искористи како поедноставен начин да излезе од неа. Имено, професорот по психологија на универзитетот Тексас во Остин, David Buss запрашал 100 мажи и жани која тактика ја користеле, кога сакале да ја прекинат врската. Еден од најчестите одговори бил – започнување на афера.

Решение: Пуштете ја да си замине. Таква жена не ви треба во животот!

Би можело да ве интересира:

Совети за самозадоволување и оргазам за мажи и жени: Зошто е добро да мастурбирате? Исклучете светла, понесете си некоја играчка, вклучете ја фантазијата и играта м...
Што се случува со телото ако долго време немате секс? Висок крвен притисок и зголемен ризик од еректилна дисфункција – постојат неколк...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Имам 33 години и невина сум, кога е најдобро да се заг... „Јас имам 33 години и сè уште сум уште невина, дали е ова штетно за женското здр...
5 совети за да му помогнете на партнерот да не доживее брз оргазам (и да не останете разочарани) Знаете ли дека кегеловите вежби можат да му помогнат на партнерот полесно да ја ...
„Инфлуенсерка“ – Секс поза наменета за жените што сакаат да доминираат и да го излудат партнерот (18... За оваа поза паровите ретко слушаат, па затоа и многумина сигурно не ја пробале....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg