Јазикот на љубовта

jazikot-na-ljubovta-povekjeПетте примарни јазици на љубовта се: убавите зборови и признанија, заедничкото време, подароците, допирите и самата љубов. Велат дека...

...партнерите треба да зборуваат ист јазик на љубовта за да се одржат заедно.

Пронајдете кој е вашиот јазик на љубовта.

jazikot-na-ljubovta

1. Убавите зборови -комплименти

Комплиментите се моќен показател на љубовта, тврдат експертите. Едноставни, кратки и убави изјави се клучни за да го покажете она кое го мислите на личноста која ви значи. Поделете ја љубовта така што ќе научите што го/ја радува, што го/ја прави да се чувствува посебна. Разговорот е најважна карика во една врска. Едноставно средство кое ја одржува блискоста помеѓу партнерите.

2. Поделеното заедничко време

Не станува збор за гледање филм или серија на телевизија. Одвојте време за прошетка во паркот. Возете ролери или велосипед. Научете да слушате што сака вашиот партнер или партнерка. Гледајте се во очи и споделувајте ги секојдневните моменти од животот заедно.

3. Подарете си мали нешта

Кратка порака, книга, убав збор. Не е важно дали ќе му подарите скап часовник кој утре ќе го изгуби или ќе напишете убава порака која ќе му остане засекогаш во сеќавањето. Исто како што не е важно дали ќе и подарите скап накит или само едно цветче. Ќе се уверите дека малите нешта ги прават луѓето значително посреќни.

4. Допирајте се нежно, држете се за рака.

Следете ги реакциите и ќе знаете кога е вистинското време за прегратка, бакнеж, водење љубов. Прегратка бара малку, а значи многу. Дава сигурност и потпора. Бакнежот дава топлина и чувство кое ве обзема. Водењето љубов е чин кој ја води врската до совршенство.

5. Љубовта

Искреноста, делата, чувствата и способноста да покажете дека сакате некого. Кога ќе научите како да го правите ова, тогаш сте на прав пат да го зборувате вистинскиот јазик на љубовта.

Обидете се безусловно да сакате, не барајќи ништо за возврат!

Би можело да ве интересира:

„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg