Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“

„На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД призна дека со сопругот се придржуваат до познато правило за среќен брак, но нејзиното видео не наиде на очекуваниот одговор. Изводливо ли е ова правило во наши услови?

lajfkouch-tvrdi-deka-praviloto-7-7-7-i-go-spasilo-brakot-no-ja-ismeaja-na-socijalnite-mrezhi-koj-mozhe-da-si-go-dozvoli-ova-01.jpg

На социјалните мрежи во последните неколку месеци масовно се споделува правилото 7-7-7 кое многумина го сметаат за рецепт за успешен брак и кое може да им помогне на паровите да создадат поголем баланс во меѓусебниот однос.

На Инстаграм масовно се споделува видеото на лајфкоучот Анастасија Дејвис, која зборува за ова правило и вели дека ова во голема мера ѝ помогнало да го одржи бракот со сопругот.

Правилото 7-7-7 е всушност мошне едноставно. Тоа значи дека на секои 7 дена одите на состанок со партнерот, на секои 7 недели одите некаде на една ноќ и на секои 7 месеци да одите на одмор без деца.

„Значи, секои седум дена ние одиме на евтин мини состанок, што не мора да биде скап. На секои седум недели одиме на 24-часовен состанок, а тоа може да биде некоја мини авантура.

Целта е да добиете време за авантура, а не животот да ви се состои од одење на лекар и завршување обврски. Потоа, на секои 7 месеци одиме на мал одмор, подалеку од децата.

Новите искуства, плус физичкиот допир, драматично го зголемуваат нивото на допамин и окситоцин, кои ја зголемуваат привлечноста, довербата…“ – вели Анастасија Дејвис.

Иако нејзината изјава беше поздравена од голем број следбеници и масовно се споделува на социјалните мрежи, има и такви што не се согласуваат со неа, па во коментарите ѝ напишаа.

„Јас и мојата бивша партнерка имавме 5-5-5 правило. На секои 5 минути ми кажуваше по 5 работи што сум ги направил погрешно во последните 5 години“;

„Одлично е ако можеш да си дозволиш дадилки“;

„Кој може да си го дозволи ова“;

amerikanka-ismejana-zatoa-shto-promovira-pravilo-za-srekjen-brak-koj-mozhe-da-si-go-dozvoli-ova-02.jpg

„Идеално, но не е остварливо“;

„Дали ние сите сме милионери во оваа твоја фантазија?“;

„Не, ќе си одиме на состаноци кога ќе имаме време за тоа. И ќе си ги носиме децата на убави одмори со нас, затоа што имаме уште само неколку години додека да си заминат од дома“ – стои во дел од коментарите.

amerikanka-ismejana-zatoa-shto-promovira-pravilo-za-srekjen-brak-koj-mozhe-da-si-go-dozvoli-ova-04.jpg

Инаку, ова правило веќе со години наназад кружи на социјалните мрежи и не се знае точно кој прв почнал да го предлага. Но, факт е дека голем број психолози и животни тренери го препорачуваат.

Што мислите вие? Изводливо ли е ова правило за среќен брак?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава