8 работи за кои никогаш не треба да молите во љубовната врска

Не треба да го молите партнерот да ви ја даде потребната поддршка – ако не ја добиете од него, тогаш од кого?

8-raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-molite-vo-ljubovnata-vrska-01.jpg

На сите ни е јасно дека покрај љубовта, комуникацијата е едно од најважните нешта во секоја врска. Но покрај ова, постојат и некои работи кои двајцата партнери треба да ги прават без да чекаат партнерот да ги побара од нив.

Од почит па сè до комплименти, кои се работите за кои не треба да молите во љубовната врска?

Почит

Партнерот мора да ве почитува, дури и во миговите кога се расправате. Важно е да ги почитува и вашите верувања, вашите желби и вашите цели.

Состаноци

Само затоа што сте во врска, не значи дека треба да заборавите на романтичните состаноци. Не треба да го молите партнерот да излезете, да ја поминете вечерта заедно или слично.

Реципроцитет

Вие и партнерот сте еднакви во вашата врска и треба да придонесувате за да ја направите што е можно подобра. Она што вие го вложувате во врската, треба да го вложи и партнерот.

Комплименти

Без разлика дали сте во врска една, пет или десет години, не треба да молите за комплимент. Ова не се однесува само на изгледот, туку на секој аспект од вашата личност.

8-raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-molite-vo-ljubovnata-vrska-02.jpg

Да не зборува за бивши партнери

Никој не сака да слуша за бившите партнери на својот сакан и не треба да бидете во ситуација да го молите партнерот да престане да зборува за нив.

Исполнување на ветувањата

Ни вие ни партнерот не треба да давате празни ветувања и не треба да молите да биде исполнето она што ви било ветено.

Мали изненадувања

Нормално, не треба да очекувате од партнерот да ве опсипува со скапи подароци, но повремените мали изненадувања можат да бидат важен дел од врската.

Поддршка

Ако не добивате поддршка од партнерот, тогаш од кого?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg