„Јас сум 35-годишна девица и мажите ме исмејуваат, но јас сакам да ја изгубам невиноста во брак“

„Ги привлекував момците, ми пристапуваа, но потоа сфаќав дека само сакаат секс. Знаев дека ако имам секс, ќе исчезнат следното утро и бев преплашена од самата помисла на тоа. Пред 4 години, во бар запознав маж со кој испивме по некој пијалак и тој сакаше да изнајми хотелска соба, му кажав дека тоа би ми било првпат и тој ми кажа...“

jas-sum-35-godishna-devica-i-mazhite-me-ismejuvaat-no-jas-sakam-da-ja-izgubam-nevinosta-vo-brak-01.jpg

Сонали Чандра е 35-годишна жена од Индија, која живее во САД, и се гордее со тоа што уште е девица и вели дека планира да ја изгуби невиноста само тогаш кога ќе стапи во брак.

Но, поради ова открива дека се соочува со исмејување од страна на мажите.

jas-sum-35-godishna-devica-i-mazhite-me-ismejuvaat-no-jas-sakam-da-ja-izgubam-nevinosta-vo-brak-04.jpg

Нејзината исповед:

„Потребен ми е прстен и да бидам сигурна дека тој партнер е вистинскиот и за цел живот за да се одлучам да ја изгубам невиноста. Би ги предала своите принципи и верувања ако имам секс со кој било.

Не е дека се плашам, знам дека првиот пат ќе биде болен. Но, оние лабави врски или пријателства со привилегии не се за мене. Јас си ја барам својата сродна душа.

Како модерна жена која потекнува од Индија, а живее во САД, горда сум што се држам до принципите според кои моите родители биле израснати. Секс пред брак е табу тема во Индија.

Татко ми и мајка ми никогаш не зборуваа за секс додека растев. Во боливудските филмови од 90-тите актерите воопшто не се ни бакнуваа, дозволено им беше само држење за раце.

jas-sum-35-godishna-devica-i-mazhite-me-ismejuvaat-no-jas-sakam-da-ja-izgubam-nevinosta-vo-brak-03.jpg

По универзитетот, татко ми сакаше да ми договори брак, но јас се спротивставував. Јас не сакав брак како на моите родители. Тие имаа договорен брак и минаа низ доста предизвици за да го одржат.

Но, од друга страна и состанувањето во САД ми беше шок. Ги привлекував момците, ми пристапуваа, но потоа сфаќав дека само сакаат секс. Знаев дека ако имам секс, ќе исчезнат следното утро и бев преплашена од самата помисла на тоа.

Првиот бакнеж го имав на 26 години и беше прекрасен. Но, романсата заврши поради моите принципи да чекам за секс до брак.

Пред 4 години, во бар запознав маж со кој испивме по некој пијалак и тој сакаше да изнајми хотелска соба, му кажав дека тоа би ми било првпат и тој ми кажа дека заслужувам некој што секогаш ќе биде тука за мене, а дека тоа не може да биде тој.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg