Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“

„Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се допаѓаше изгледот“ – вели порно актерот Џони Синс. Кој совет им го дава на мажите што се соочуваат со сличен проблем и немаат самодоверба во сексот и заведувањето?

porno-akterot-djoni-sins-so-seks-sovet-za-mazhite-koi-se-sramat-od-zagubata-na-kosata-koja-e-mojata-tajna-01.jpg

Порно актерот Џони Синс (45) стекна огромна слава во времето на короната кога неговите фотки беа хит мемиња на Твитер, а често знае да дава интервјуа во кои дели и секс совети.

Со оглед дека и самиот се бори со загуба на косата, сега раскажа кој е советот што најчесто им го дава на мажите што се соочуваат со ваков проблем.

Тој во изјава за News.com.au вели дека иако голем број мажи се срамат затоа што прерано ја загубиле косата во животот, неговата мантра што постојано си ја повторува е:

„Прифати ја ќелавоста!“

porno-akterot-djoni-sins-so-seks-sovet-za-mazhite-koi-se-sramat-od-zagubata-na-kosata-koja-e-mojata-tajna-02.jpg

„Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се допаѓаше изгледот. Долго време се чувствував непријатно, но потоа некако се прифатив себеси таков каков што сум“ – вели Џони.

Актерот вели дека често се среќава со мажи што ја загубиле или ја губат косата во моментот, па бараат совет од него.

porno-akterot-djoni-sins-so-seks-sovet-za-mazhite-koi-se-sramat-od-zagubata-na-kosata-koja-e-mojata-tajna-03.jpg

Според Џони, избричената глава делува привлечно и нема зошто да се срамите од тоа.

„Ќе си ја избричите главата и ќе покажете дека тоа е вашиот стил. Некои од најталентираните мажи во светот се ќелави – The Rock, Џеф Безос, голем број актери.

Сега се прифатив таков каков што сум, и многу е полесно отколку кога имате коса, па треба постојано да внимавате на фризурата или постојано да одите на бербер.

Навистина сега повеќе ми се допаѓа овој стил“ – вели Џони.

porno-akterot-djoni-sins-so-seks-sovet-za-mazhite-koi-se-sramat-od-zagubata-na-kosata-koja-e-mojata-tajna-04.jpg

Актерот вели дека кога станува збор за неговиот приватен живот, поголем проблем му е професијата, отколку изгледот.

„Врските се мошне тешки за сите и тоа што сум сексуален работник и имам секс со повеќе луѓе само дополнително ги отежнува работите.

Потребно е да се најде таа личност што може да го прифати твојот начин на живот и вие да го прифатите нејзиниот животен стил“ – појаснува актерот.

porno-akterot-djoni-sins-so-seks-sovet-za-mazhite-koi-se-sramat-od-zagubata-na-kosata-koja-e-mojata-tajna-05.jpg

Според него многу е полесно да најде девојка која се занимава со истата професија, а дека иако во моментов е сингл, тој би сакал сите да сфатат дека само си ја работи својата работа и на крајот сака да си дојде дома и да биде со личноста со која е во врска.

Прочитајте и Порно актерот Џони Синс открива која е најголемата грешка што мажите ја прават во сексот (18+)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава