Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката?

Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и да чисти и да се однесува кон него како мајка... Кои однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај жените?

koi-zastareni-odnesuvanja-na-mazhite-ja-ubivaat-zhelbata-za-seks-kaj-partnerkata-01_copy.jpg

Секс терапевтот Сари Купер, за Psychology Today се осврна на едно поново истражување кое укажува на тоа колку наметнатите општествени норми и очекувања во бракот влијаат негативно врз либидото на жената и ја убиваат нејзината желба за секс.

Според истражувањето, постојат 4 психолошки грешки што мажите ги прават во бракот, кои се дел од застарената традиција на односи и со нив несвесно ја убиваат желбата за секс кај партнерката.

Кои навики може да ја убијат желбата за секс кај партнерката, а најчесто се научени од постарите генерации?

Неправилната поделба на обврските води до различна желба за секс

Во голем број семејства, работните обврски сè уште се делат на „машки“ и на „женски“. Жените се одговорни за готвење, миење садови, чистење и перење облека, а мажите се грижат за поправки низ домот и за автомобилот.

Јасно е дека мажите имаат обврски што се случуваат многу поретко, додека жената треба да биде секојдневен роб во домот.

„Оваа неправилна распределба на обврските предизвикува стрес кај жените и ја намалува желбата за секс.

Оваа нееднаквост влијае и на сексуалниот живот врз партнерите. Секојдневните обврски може да создадат голем стрес.

Со тоа што постојано им се трупаат нови обврски, жените чувствуваат дека сексот не им е приоритетен.

Ним им е поважно сметките да се платени, куќата да е чиста, да ги завршат сите обврски, отколку да имаат секс“ – вели таа.

koi-zastareni-odnesuvanja-na-mazhite-ja-ubivaat-zhelbata-za-seks-kaj-partnerkata-07.jpg.jpg

Мажот очекува партнерката да му биде мајка

Особено откако ќе станат мајки, жените почнуваат за сопругот да ги прават истите работи што ги прават за своите деца. Му купуваат облека, го потсетуваат на важните работи и обврски, ја планираат, набавуваат состојки и ја подготвуваат вечерата секој ден.

Кога партнерот очекува партнерката да го третира како да му е мајка, тоа со сигурност може да ја намали желбата за секс кај жената.

„Жената не би сакала да има ваква улога во нивниот меѓусебен однос и тоа може да ѝ ја намали желбата за секс“ – вели Сари.

koi-zastareni-odnesuvanja-na-mazhite-ja-ubivaat-zhelbata-za-seks-kaj-partnerkata-03.jpg

На партнерот му е поважен изгледот на жената отколку таа самата

Кога партнерот многу повеќе е сконцентриран на изгледот на партнерката, нејзините желби и потреби не се веќе приоритет.

„Многу мажи веруваат дека телото на жената му е дадено како подарок со венчаницата.

Тие може да имаат секс кога и да посакаат, а жената треба веднаш да прифати.

Желбата за секс кај жената се поврзува со тоа дали мажот ги смета за привлечни, па наместо да се сконцентрираат на сопствените потреби, тие се опседнати со сопствениот изглед“ – вели докторката.

Таа додава дека жените со пониска самодоверба имаат помала желба за секс и поретко уживаат во сексуалното задоволство.

koi-zastareni-odnesuvanja-na-mazhite-ja-ubivaat-zhelbata-za-seks-kaj-partnerkata-04.jpg

Ако во врската се очекува само мажот да иницира секс, жената ја губи желбата

Голем број парови веруваат дека мажот е тој што треба да иницира секс и жената се чувствува неудобно секогаш кога треба да го направи првиот чекор.

Жената што самоволно иницира секс може да е нарекувана со погрдни зборови, а оние што ги одбиваат мажите за секс се нарекувани ‘затапени’ и ‘стегнати’.

Најчесто ваквото однесување доведува жената да не може да почувствува вистинско задоволство за време на сексот, заради што кај нив се намалува желбата за секс.

„Најчесто жените во ваквите заедници сексот го сметаат само како уште една обврска, што не смеат да ја одбијат за да не се соочат со гневот на партнерот, иако воопшто немаат желба за интимни односи“ - вели докторката.

koi-zastareni-odnesuvanja-na-mazhite-ja-ubivaat-zhelbata-za-seks-kaj-partnerkata-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg