10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро

Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско поставени џебови – кои се грешките поради кои фармерките не ви стојат добро? 

10-greshki-poradi-koi-farmerkite-ne-vi-stojat-dobro-01.jpg

Фармерките се омиленото парче облека на скоро секоја жена.

Удобни се, лесно се комбинираат и достапни се толку многу модели, што можете да најдете нешто што ќе ви стои, без разлика на типот на вашето тело.

Но, ако забележувате дека многу комбинации со фармерки не ви стојат добро, можеби правите некоја од следниве грешки:

Ја ставате блузата/кошулата во фармерки со низок струк

Дури и ако имате тело како на супермодел, ако ја ставите блузата или кошулата во фармерки со низок струк, нема да изгледате добро.

За вакви комбинации, треба да облечете фармерки со висок струк.

10-greshki-poradi-koi-farmerkite-ne-vi-stojat-dobro-02.jpg

Комбинации од тексас со иста боја

Комбинациите од фармерки и тексас кошула можат да изгледаат навистина добро, но мора да обрнете внимание на боите.

Односно, фармерките и кошулата треба да имаат различни нијанси. Во спротивно ќе изгледате како да носите униформа.

10-greshki-poradi-koi-farmerkite-ne-vi-stojat-dobro-03.jpg

Тесни фармерки без колан

Ако носите тесни фармерки со висок струк, секогаш ставете и колан.

Со ова ќе ја нагласите половината и ќе изгледате многу подобро.

10-greshki-poradi-koi-farmerkite-ne-vi-stojat-dobro-09.jpg

Многу широки модели

Широките модели се вистински хит и изгледаат мошне добро.

Сепак, фармерките не треба „да висат“ на вас.

10-greshki-poradi-koi-farmerkite-ne-vi-stojat-dobro-10.jpg

Премногу долги ногавици на тесни фармерки

Ногавиците на тесните фармерки треба да завршуваат над глуждовите.

Ако имате модел со многу долги ногавици, само подвиткајте ги.

10-greshki-poradi-koi-farmerkite-ne-vi-stojat-dobro-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg