Сцената на Сан Ремо 2025 како модна писта - дел од највпечатливите модни изданија на фестивалот
Од Prada и Chanel, преку Gucci и Dior до Vivienne Westwood и Valentino - сцената на Сан Ремо 2025 наликуваше на вистинска модна писта.

75-тото издание на најголемиот италијански музички фестивал, Сан Ремо, донесе многу нови песни, но и многу впечатливи модни изданија за кои ќе се зборува уште долго.
На фестивалот се испеаја 29 нови песни, а повеќето музичари, кои живеат во лулката на модата, избраа креации од познати светски брендови и дизајнери.
Па иако дел од песните што ги пееја не беа многу впечатливи - облеката е приказна за себе.
Елоди, една од најголемите млади музички ѕвезди избра сребрен фустан од Prada, Џорџија (која важи за фаворит за победа) се реши за креација од Dior, а Гаиа избра фустан со потписот на Dilara Findikoglu.
Во стилот не заостануваа ни мажите. Ркоми носеше костум од Vivienne Westwood, Ирама беше облечен во впечатливо палто од Balmain.
Изведувачите на Сан Ремо се натпреваруваа за италијански претставник за Евровизија, а финалето на фестивалот се одржа синоќа (15 февруари).
Победник е Оли, кој ја испеа песната Balorda Nostalgia.