Основни модни парчиња што ги има во гардероберот на секоја тренди Французинка
Еднобојна квалитетна маичка, сако со неутрална боја – кои се омилените основни парчиња на Французинките?
Французинките ја ценат удобноста, но секогаш изгледаат стилски.
Важен им е и квалитетот, па обично купуваат помалку парчиња кои се квалитетни, наместо слепо да следат трендови и да трупаат облека која трае една сезона.
11 основни парчиња што ги има во нивниот гардеробер:
Едноставна, но квалитетна маичка
Најобичната маичка на кратки ракави може да послужи како основа за безброј аутфити.
Избегнувајте модели со принтови и држете се до еднобојните и притоа осигурете се дека се квалитетни.
Еднобојно сако
За да можете да го носите со повеќе комбинации, купете еднобојно сако, најдобро со понеутрална боја.
Исто така, избирајте го кројот според вашиот тип тело, немојте само слепо да следите трендови.
Палто од твид
Палтото од твид можете да го носите и како палто, но и како сако кога е многу студено.
И овој пат давајте им предност на моделите со понеутрални бои.
Кардиган
За лежерни комбинации, кардиганот им е омилено парче на Французинките.
Избегнувајте многу широки и долги модели, исто како и модели со многу дезени.
Бела и црна свилена кошула
За поелегантни комбинации, свилената кошула е идеална.
За полесно да правите комбинации, купете една бела и една црна.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





