Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона
Џемпер со риги
Ригите не излегуваат од мода ни оваа есен и зима и се тренд што сигурно ќе го гледаме уште долго време.
Џемперите со риги се идеални за минималистички комбинации во зима.

Едноставни очила за сонце
Очилата за сонце се задолжителен моден додаток, а оваа сезона хит се едноставните модели, во една боја и можеби со златни или сребрени минималистички детали.
Најдобро е да купите црн пар за да можете да го комбинирате со сè.

Плетен фустан
Плетените фустани беа хит минатата година, а ги гледаме насекаде и сега.
Удобни се и топли, а се совршени за деновите кога немате инспирација за комбинирање.

Класина црна чанта
Препорачливо е да имате барем една црна чанта, без разлика каков ви е стилот, бидејќи стои добро со сè.
Денес имате избор од безброј форми и големини, па лесно ќе најдете нешто соодветно за вас.

Спирова С. | Црнобело
