Модели на фармерки што ќе доминираат во 2026-та (и 4 модели што се застарени)
Тесните ѕвонарки со висок струк ќе бидат огромен хит, додека на премногу искинатите модели веќе им се намалува популарноста.

Фармерките се секогаш „ин“, но бидејќи има премногу разни модели, и за ова парче облека постојат трендови.
Во новата година нема некоја голема промена во трендовите, но некои модели сепак ќе се истакнуваат.
Модели на фармерки кои ќе бидат хит во 2026-та:
Фармерки со индиго боја
Богатат индиго нијанса дава доза елеганција дури и на фармерки.
Па, ќе можете да ги комбинирате не само со полежерни, туку и со поелегантни парчиња и накит.
Тесни фармерки со рамен крој
Тесните фармерки се враќаат, но не класичните skinny jeans кои се целосно залепени за ногата.
Следната година многу популарни ќе бидат тесните фармерки со рамен крој, познати и како cigarette jeans.
Многу се поудобни од стандардните тесни фармерки, полесно се комбинираат со разни модели на чевли, а и изгледаат добро на скоро сечие тело.
Тесни ѕвонарки со висок струк
Годинава ѕвонарките не беа толку популарни, но повторно се враќаат на модната сцена во 2026-та.
Визуелно ги издолжуваат нозете и ја нагласуваат половината, а лесно се вметнуваат во сечиј стил.
Фармерки со впечатлив дезен
Фармерки со многу широки ногавици, со големи џебови, со додатоци од тексас, со невообичаени исечоци – сè што е уникатно ќе биде хит следната година.
Генерално ова се модели што потешко се комбинираат, но ако сакате да експериментирате, вреди да им дадете шанса.
Долги, широки фармерки
Долгите широки фармерки ќе бидат хит и следната година. Но, популарни ќе бидат моделите со ногавици долги до подот.