Филип од Скопје е модел со впечатлив стил - Омилена му е јакната од американската морнарица, наследена од дедо му
Не сакам кога модата се мери со пари, иако е неизбежно, затоа што помеѓу нас има луѓе што „пливаат“ во истите, а сè уште не можат да се дотераат и облечат како што треба.
Во мојот гардеробер најскапото парче се Yves Saint Laurent очилата кои се околу 700€ и горе наведената винтиџ јакна, која што е бесценета.


Сега за сега на патување не тргнувам без моите боксерски шорцеви од Yung Lean.
Искрено многу повеќе внимавам на стилот кога сум во Скопје отколку кога патувам.
Мојата мисија е овде. Давам сè од себе модата кај нас да се крене на повисоко ниво.


Не постои парче што не би го облекол.
Скоро имав фотосесија каде што првпат носев фустан и морам да признаам не изгледав воопшто лошо (ха, ха).


Инаку, многу ретко купувам облека. Повеќето од работите ми се подарени или наследени од дома.
Мојот стил приватно доста се разликува од оној кога одам на настан.
Приватно гледам најчесто да сум комотен во облеката, но сепак да изгледам чисто и во тек со модата.
Додека, за настани и за фотографирање, спремен сум да одам до екстремност.

