Славни дами кои носат облека што не чини цело богатство
Колкупати сте воздивнувале по модните комбинации на ѕвездите, мислејќи си дека вредат илјадници евра? За волја на вистината – неретко сте во право. Сепак, постојат и исклучоци. Меѓу нив е и старлетата Кајли Џенер, која неодамна се облече за 950 денари.

Кога се на црвениот тепих, познатите жени вообичаено се појавуваат во скапоцени дизајнерски тоалети, накитени се со кристали, а газат во потпетици од милион долари. Од време-навреме, се случува сосема спротивното.
Иако и понатаму се убаво скоцкани, нивните модни избори се достапни по изненадувачки ниски цени. Најчесто ги купуваат од брендовите за висока улична мода и специјализираните онлајн продавници.
Истите парчиња облека и обувки може да си ги дозволат мнозинството вљубенички во нивниот стил, без да банкротираат или пречекорат лимитот на платежната картичка.
Ви издвоивме повеќе примери каде славните дами носат гардероба што не чини прескапо:
Џенифер Лопез носи бели панталони од „Topshop“

Кајли Џенер носи црн комбинезон од „Fashion Nova“

Кејт Мидлтон носи пругаст син фустан од „Zara“

Пипа Мидлтон носи дезениран труднички фустан од „Seraphine“

Хејли Болдвин носи златен светкав мини фустан од „Oh Polly“

Хејли Болдвин носи црвен латекс мини фустан од „Meshki“
