4 совети како да носите евтино, а да изгледате скапо

Навистина е непотребно да се потрошите до последен денар за да изгледате како милион долари. Всушност, доволни се неколку едноставни стислки трикови за да изгледате скапо, наспроти тврдењата дека треба да имате којзнае какво чувство за уметност за да направите непогрешлива модна комбинација.

4-soveti-kako-da-nosite-evtino-a-da-izgledate-skapo-01.jpg

Обидете се со овие испробани совети за да изгледате одлично и тогаш кога мислите дека тоа е невозможно да се направи со последната евтина маичка што ја купивте:

Монохроматски изглед

Дали ќе одберете комплетно црна комбинација или повеќе сакате боја на слонова коска е ваша работа, но целосно монохроматски изглед е едноставен и ефективен начин да направите вашата облека да изгледа поскапо.

Откажете се од различни нијанси на исти бои или изберете темно сина и црна, или црна и кафеава комбинација. Тоа е луксузната комбинација на бои која никогаш нема да излезе од мода.

4 soveti kako da nosite evtino a da izgledate skapo 02

Додајте текстура

Еко кожа, плиш и кој било друг материјал кој се двои од обичниот памук - не само што овие материјали создаваат визуелен интерес за вашата облека, туку ваквите детали веднаш додаваат шминка и на наједноставниот изглед.

4-soveti-kako-da-nosite-evtino-a-da-izgledate-skapo-06.jpg

Инвестирајте во класични палта и наметки

Најдете палто со одличен крој, износете го, исперете го и повторете ја процедурата. Класично, подолго, пократко, со ракави под лактите, со струк или без - вашиот плакар треба да е дом на барем неколку впечатливи, неутрални палта што ќе ја спасат секоја комбинација. 

4-soveti-kako-da-nosite-evtino-a-da-izgledate-skapo-03.jpg

Впечатливи аксесоари

Структурирана торба, свилена марама или додатоци во златна боја како воени копчиња или интересен појас лесно може да му дадат нова димензија на вашиот изглед.

Вистинските додадоци прават огромна разлика, затоа направете мудар избор и често носете аксесоари.

4 soveti kako da nosite evtino a da izgledate skapo 05

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
9 стилски правила што мажите најчесто ги забораваат (па изгледаат диспропорционално) Верувањата дека само жените треба да се грижат за сопствениот изглед се застарен...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg