8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина

Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја на облека „додава години“. И ја следи репутација на „боја за постари луѓе“.

8-modni-greshki-poradi-koi-vednash-kje-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-09.jpg

Начинот на кој се облекувате и стилот во голема мера може да влијаат на вашиот изглед - ако изберете погрешна облека или парчиња накит, тогаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина.

Како да ги избегнете овие грешки и на што да внимавате?

Застарени трендови на обувките

Кога избираат обувки, луѓето многу внимаваат на удобноста, па многу често купуваат рамни чевли или сандали, наместо модели со високи потпетици.

Но, и кога избирате вакви обувки, изберете потренди модели, на пример елегантни наместо гломазни модели, во впечатливи бои.

8-modni-greshki-poradi-koi-vednash-kje-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-12.jpg

Цветни принтови

Иако многу жени сакаат облека на која има цветни принтови, стилистите велат дека тие додаваат години, особено ако се големи, впечатливи цветови.

Наместо тоа, изберете облека со линии или геометриски фигури, или, пак, со шари кои не се строго дефинирани.

Но, ако веќе сакате облека со цветови, тогаш тие нека бидат ситни и дискретни.

8-modni-greshki-poradi-koi-vednash-kje-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-03.jpg

Избегнувајте кафеави нијанси на јакните и капутите

Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација на „боја за постари луѓе“.

Затоа избегнувајте јакни и облека во кафеави нијанси и не носете беж „од глава од петици“. Наместо тоа, носете парчиња во повпечатливи бои.

А ако сакате капутот да ви е беж/кафеав, тогаш комбинирајте го со аксесоари или впечатлив накит кои ќе му дадат живост на изгледот.

8-modni-greshki-poradi-koi-vednash-kje-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-07.jpg

Не го кријте вратот

Со текот на годините вратот почнува да се опушта, да се појавуваат брчки, па многу жени сакаат да го скријат со облеката.

Но, стилистите велат дека ролките додаваат години и ќе изгледате повозрасно, а не помладо.

Затоа изберете кошули или блузи со V-израз. Тие ќе направат вратот да ви изгледа визуелно подолг.

8-modni-greshki-poradi-koi-vednash-kje-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg