Сестрата на Нашата Беквалац - кул Србинка со одличен моден стил, двапати се развела од истиот маж (фото)

Кристина Беквалац 2 пати била во брак со истиот маж и двапати се развела од него, еднаш се венчале во 2008 година и вторпат во 2015. Имаат две деца заедно.

kul-srbinka-so-odlichen-stil-sestrata-na-nashata-bekvalac-odrzhuva-modni-lekcii-foto-01.jpg

„Мојата сестра и јас. Тоа е љубов“, често знае да изјави Наташа Беквалац за својата сестра Кристина.

Кристина е нејзината најголема поддршка, таа е значаен дел од организациониот процес во нејзината кариера, но и нејзин најголем критичар.

View this post on Instagram

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Наташа често знае да прокоментира дека ако види сестра ѝ како се облекла или како лошо се сликала во одредена ситуација, ќе ја искритикува.

View this post on Instagram

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Кристина работи како стилист и дизајнерка и самата е позната како една од Србинките со најкул моден стил.

На својот Инстаграм профил има повеќе од 145.000 следбеници. Родена е 1985 година во Нови Сад.

Во едно неодамнешно интервју таа откри дека по втор пат се развела од таткото на нејзините две деца, архитектот Иво Мартиновиќ. Таа ја има ќерката Петра и синот Ноа со него.

Кристина и Иво прв пат се венчале во 2008 година, ја добиле ќерката, но потоа се разделиле, а врската ја обновиле во 2013 година и се венчале по вторпат во 2015. Во 2017 го добиле синот, но и вторпат бракот им пропаднал.

„Бескрајно сум благодарна на тоа што Иво и јас имаме фантастичен однос како родители и многу сме слични во поглед на воспитувањето и иднината на нашите деца. Но, не се снајдовме во бракот и морам да кажам дека не сум фан на таа институција. Мислам дека многу луѓе би функционирале подобро, ако се растоварени од притисокот на оваа институција. Говорам за личното искуство и доживување на бракот, не сметам дека е така генерално кај сите луѓе и семејства. Тоа што јас мислам дека е најважно во животот е луѓето да живеат слободно, се трудам да живеам така и мора да признаам дека се чувствувам попријатно во своја кожа“, изјави Кристина.

Повеќе фотки од Кристина Беквалац:

Повеќе фотки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
Вистинска дама од мали нозе: 6-годишно девојче од Скопје е мала модна икона (фото) Меланија Петковска (6) од Скопје е мало девојче, но е голем вљубеник во модата.&...
Девојче (4) од Скопје во розови стајлинзи е мини верзија на Барби (фото) Барби манијата ја зафати и Македонија, а 4-годишно девојче од Скопје со аутфитит...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Весели модни комбинации за крајот на зимата (фото) Светли тонови, впечатливи нијанси, комбинација на бои за кои мислите дека не мож...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg