Две сестри блогерки го освојуваат светот - нивни креации носеле Кендал Џенер и семејството Хадид

Светски блогерки и девојки од акција: Сестрите Алис и Оливија навистина го знаат правиот начин за освојување на широкиот, моден пазар.

Dve-sestri-blogerki-go-osvojuvaat-svetot-nivni-kreacii-nosele-Kendal-Dzener-i-semejstvoto-Hadid 01 630x330.jpg

Со екстремно успешен бренд за облека, моден изглед и сето тоа пропратено со прекрасни патувања низ светот, можеме да заклучиме зошто следбениците на овие успешни сестри растат од минута во минута.

Всушност, Алис и Оливија се две сестри од Лондон кои се занимаваат со блогерство, заедно водат моден бренд и заедно живеат. Својот моден бренд наречен Amelia Jane London го започнале во 2014 година и од самиот старт ги послужила голема среќа.

Омилен аспект на брендот им е да работата со разни светски блогери, а бидејќи луѓето често ги прашувале што е „ин“ во светот на модата, решиле да основаат и свој блог со цел паралелно да работат заедно со брендот.

„За да им дадеме на луѓето увид во нашите модни животи, започнавме често складно да се облекуваме за модните настани и да ја фотографираме нашата облека, без разлика дали станува збор за наш или некој друг светски бренд. Како природна прогресија ни претстоеше да започнеме нешто наше, заедничко. Апсолутно го сакаме и досега ни оди толку добро, што во денешно време се чини дека навистина има смисла луѓето да имаат неколку различни бизниси/приходи, а овие два дефинитивно добро функционираат еден со друг“.

Нивниот бренд го носеле Кендал Џенер и семејството Хадид, а двете сестри со својот млад ентузијазам не запираат да го освојуваат светскиот, моден свет.

Во продолжение повеќе фотки од модните комбинации на двете сестри-блогерки:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Моден аутфит со кој нема да сте здодевни на работа – 16 комбинации на фустан со патики (фото) Трендсетерките имаат трик со кој секој фустан го претвораат во деловна комбинаци...
Розови влечки и лакирани нокти за црвениот тепих - Џејсон Момоа со смел моден избор, откако дојде со... Актерот, кој често знае да изненади со својот моден избор, и овој пат привлече в...

Најчитани неделава