Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви и разочара таму?“

„Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монденски плажи и туристички атракции, но бев пријатно изненадена од природната убавина на овие мали острови, од кои повеќе се француски колонии, иако многу далеку од Европа. Но, наспроти природната убавина, малите градови не нудат ништо особено, многу стари градби, полупразни маркети со непознати марки и производи и улици кои се преполни со тезги, дури месо и риба се продаваше на мали маси или гајби распослани на импровизираните тротоари“.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-01.jpg

Мојот последен договор како фотограф на брод почна на италијанското пристаниште Џенова, а заврши на островот од француските Кариби, Мартиник.

Седумдневната бродска рута посетуваше неколку острови во карипското море, кои пленат со својата неверојатна природна убавина, долги и песочни плажи, тиркизно море, високи палми и традиционалниот рум, но градовите се мали, валкани и сиромашни, со премногу лоши патишта и прилично нељубезни локалци.

Сиромашни градови со улични тезги

Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монденски плажи и туристички атракции, но бев пријатно изненадена од природната убавина на овие мали острови, од кои повеќето се француски колонии, иако многу далеку од Европа.

Но, наспроти природната убавина, малите градови не нудат ништо особено, многу стари градби, полупразни маркети со непознати марки и производи и улици кои се преполни со тезги, дури месо и риба се продаваше на мали маси или гајби распослани на импровизираните тротоари.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-18.jpg

Бродот имаше две рути, па за моето четиримесечно крстарење, ги посетив, Мартиник, Гвадалуп, Барбадос, Санта Луција, Доминика, Ст. Џон, Ст. Џорџ, Ст. Мартин, Антигва и Барбуда, Свети Винсент и Гренадините и Ст. Китс и Невис.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-05.jpg

Од сите овие острови најмногу ми се допаднаа Ст. Мартин и Ст. Китс над Невис бидејќи се единствените кои се помодерни, урбани и цените се во долари, а и локалците зборуваат англиски јазик.

Останатите, од кои дел се под француска власт се сиромашни, а ако не знаеш француски, дури и да сакаш да купиш нешто, локалците едноставно те игнорираат или се прилично нељубезни. Што е изненадувачко, бидејќи туризмот е главна индустрија покрај риболовот.

Дури и во независните острови се чувствуваше силното француско влијание.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-14.jpg

Секој остров си има своја валута, а на повеќето плажи не може ни да се плати со картичка, па целиот процес на менување на валути е прилично сомнителен, секој нуди различен курс иако на ист остров, и ако веќе инсистираш да платиш со картичка, тогаш цените се повисоки.

Само во Мартиник посетив „Carrefour“ маркет, каде можевме а купиме некои на нам, познати производи по пристојни цени, додека на останатите острови, полупразни самопослуги со производи кои никогаш не сум ги видела, а оние нам познатите, беа прескапи.

Мала тегличка нескафе беше осум евра, а производи на Нивеа немаше под десет евра.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi-02.jpg

Но, од друга страна пак, овошјето изгледаше прекрасно, навистина сочно и вкусно, и толку многу различни плодови.

Кујната микс од африканско, индиско и карипско влијание, за мене презачинета, со необичен спој на морски плодови и јагнешко. А на секој чекор, некој продаваше рум, и тоа во комбинација со најразлични овошја, со интересен вкус и силна арома. Најмногу ми се допадна со маракуја.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-22.jpg

А основно превозно средство им се малите моторни бротчиња, кои служат за трансфер до плажите од пристаништата или до градските центри.

Дури и самите локалци советуваат да се земе такси-брод, а не нормално такси, бидејќи улиците се тесни и лоши, па често има несреќи и застои.

Најубавите плажи со ситен бел песок, палми и тиркизно море

Но, мојата разочараност со изгледот на градовите набрзо исчезна кога сфатив дека убавината на овие острови е во природата. Ги имаат најубавите долги плажи, со бел ситен песок, тиркизно море и високи палми.

Но, овие острови се богати и со дождовни шуми, полни со густа вегетација, шарени птици и многу животни. Па, затоа турите со џип, во стил сафари, се многу барани од туристите.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-04.jpg

Секоја плажа е вистинска тропска разгледница. Таа позната карипска слика, бел песок, кристална вода со тиркизна нијанса, и сенка од висока палма. А старите светилници во бела боја со црвени детали им даваат посебен шарм на овие мали острови.

Барбадос имаше најмногу бич-барови и клубови во кои се плаќа влез, Ст. Мартин песочна плажа долж авенијата преполна со фенси продавници, Гвадалуп и Мартиник, скриени плажи на малите заливи и островчиња, а Света Луција плажи со црн вулкански песок.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-09.jpg

Едни од омилените ми беа плажите на островот Антигва и Барбуда, а колку плажата е поодалечена од пристаништето толку е поубава.

Вистинско доживување беше пловниот бар, оддалечен од плажата, а до него се стигнуваше со мало бротче. А барот Контики служеше само карипски рум и локално пиво Carib, наместо маси имаше стари буриња, а сенката беше од сушени палмини листови.

Прав, егзотичен хедонизам. Друга плажа која дефинитвно ми сакала да ја посетам е плажата Сандалс на истиот остров.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско мес... „Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, ву...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg