Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи?

За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кристално чиста вода. И да, во најголем број навистина плажите се со камчиња, а морето секаде е прекрасно.

kade-da-letuvate-vo-hrvatska-ako-sakate-pesocni-plazi-01.jpg

Но, на толкаво крајбрежје, се наоѓаат и плажи за љубителите на песок.

Хрватска важи за една од најпосакуваните дестинации во Европа. Омилена меѓу светските ѕвезди и милионерите. И има зошто.

Кои се најубавите песочни плажи во Хрватска кои може да ги посетите ова лето? (Имајте на ум дека честопати песокот е измешан со камчиња):

1. Рајска плажа, Лопар

На 14km од градот Раб ќе ја најдете 1,5km долгата Рајска плажа во Лопар. Заради кристално чистото море се одликува со сино знаме.

Плиткото море е она што ја прави особено атрактивна за семејства со мали деца.

Овде има и барови, ресторани, тушеви, разни спортски терени, патека за велосипеди и богата понуда спортови на вода.

2. Бијеца, Медулин

На само 7km од Пула, сместен е Медулин со својата песочна плажа Бијеца.

Песочна организирана плажа со лесен пристап во морето, погоден и за деца.

3. Опрна, Мелине, Шило, Хелине и Јабланова плажа на Крк

Секоја плажа нуди поинакво уникатно искуство - некои имаат и терапија со кал, на некои ќе најдете плитка вода за фамилијарно уживање и природни сенки.

4. Сакарун, Дуги Оток

Долга прекрасна плажа со бел песок и тиркизно море. Опкружена со дрвја кои овозможуваат и природна ладовина.

Лесно достапна со автомобил или со половина час возење со брод од Задар до Дуги Оток.

5. Златни Рат, Брач

За многумина, најзначајниот симбол на Јадранот. Природниот сончев ‘рт долг 1km, честопати го менува својот облик заради ветровите, брановите и морските струи.

Оддалечен 15 минути пешки од Бол на островот Брач. На плажата се нудат многу спортски активности поволни за ветер.

6. Саплунара, Мљет

Заштитени заради својата природна убавина, двете заливчиња со песочни плажи се идеални за одмор.

Мљет е лесно достапен од Дубровник со ферибот.

7. Црни Моло, Цриквеница

На 35km јужно од Риека. Црни Моло е на 1,5 km од центарот на Цриквеница и популарна кај фамилиите токму заради песочната подлога.  

8. Сланица, Муртер

Кристална плитка вода и честопати во сезона знае да биде голема гужва. Во близина има и камп каде може да се сместите.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Најубавите дестинации во Европа за 2025 (ако завршивте со класични летни одмори) Монако е прв на листата за најубави европски дестинации за 2025, но тука се и Ис...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg