Најубавите дестинации во Европа за 2025 (ако завршивте со класични летни одмори)
Монако е прв на листата за најубави европски дестинации за 2025, но тука се и Истанбул, Рига, Севиља, Дубровник... Каде да одите до крајот на годината, според искусни патувачи?

Благодарение на повеќе од 1 милион патувачи од 158 држави, на European Best Destinations составена е листа со најубавите места за незаборавно европско искуство во 2025.
Па, доколку завршивте со класичните летни одмори и сакате да доживеете малку повеќе култура, поразлично искуство, знаменитости и нови скриени богатства, можеби оваа листа ќе ви биде од корист.
Зависно дали барате романтично бегство, семејно патување, соло истражување, одберете кое место ќе биде вашиот следен избор.
На листата има 20 дестинации, меѓу кои и неколку летни како Дерми во Албанија, Антипаксос во Грција, но ние одвојуваме 10 кои се идеални за следните годишни времиња.
Најубавите европски дестинации за 2025 (искористете да ги посетите до крајот на годината):
Монако – за вистински луксуз и уживање во животниот стил

Рига, Латвија – каде се спојуваат историјата, културата и модерните вибрации

Дубровник, Хрватска – бисерот на Јадранот, скриен луксуз и ексклузивнa дестинација

Мадрид, Шпанија – каде традицијата и модерното создаваат незаборавно бегство

Намур, Белгија – град на иновација, зелено живеење, но и романтичен

