Кои се најчестите грешки на туристите?

koi-se-najcestite-greski-na-turistite-povekjeДали кога патувате се срамите од постапките на своите сопатници, или и самите сте виновни за некои туристички грешки? Имено, туристите често знаат да ги шокираат домаќините.

Без разлика дали се работи за чепкање околу автоматите за карти или одење малку поразголен, еве неколку приговори кои иритираните домаќини ги поставиле на блоговите на градовите во кои што живеат.


Лондон

Како се жалат лондончаните може да се прочита на веб страната londonist.com, нив едноставно ги вади од такт кога туристите ќе почнат да се плеткаат околу автоматите за карти. Тој функционира со единствена пластифицирана пропусница, а често пати се случува некои „паметни“ туристи да се обидат да се шверцуваат пикајќи во автоматот хартиена карта.

koi-se-najcestite-greski-na-turistite-1

Распрашајте се убаво за лондонскиот транспорт!


Барселона

Туристите по дуќаните, рестораните и кафулињата се шетаат по костуми за капење, а тоа е она што најмногу им пречи на жителите на Барселона, барем така напишале на  страницата barcelonasights.blogspot.com.

koi-se-najcestite-greski-na-turistite-2

Облечете се пристојно во Барселона ако одите во шопинг-центар


Копенхаген

Жителите на главниот град на Данска се многу горди на бронзената статуа Мала сирена кој се наоѓа во градската улица и кој е симбол на градот. Меѓутоа туристите често пати очекуваат спектакуларна статуа со големина на Статуата на слободата во Њујорк. Токму разочараните лица на туристите многу им одат на нерви на домаќините. Со оглед дека статуата се вика Малата сирена, не би требало туристите да се толку изненадени, е еден од коментарите на thecopenhagenreport.blogspot.com.

koi-se-najcestite-greski-na-turistite-3

Малата сирена е мала – немојте да бидете разочарани, барем не пред домаќините


Мумбаи

Во индискиот Мумбаи морате многу да внимавате да не ве слушнат дека нивниот споменик Вратата на Индија го нарекувате Индиска Врата, што преставува сосема друг споменик и тоа во Делхи. Делхи им е голем трн во око затоа што добива повеќе државни средства. „Да се нарече така нашиот култен споменик е сквернавање!“, пишува на mumbaimagic.com.

koi-se-najcestite-greski-na-turistite-4

Само осмелете се Вратата на Индија да ја наречете Индиска Врата


Москва

Московјаните имаат најверојатно најчуден приговор. „Туристите лесно ќе ги препознаете, постојано се смеат. Тоа ги иритира повеќето московјани“, пишува на see-you-in-moscow.com.

koi-se-najcestite-greski-na-turistite-5

Ако сакате да им угодите на русите, тргнете ја насмевката од лицето.


Рим

Римјаните речиси ги следат московјаните. Имено, многу ги нервираат туристи кои немаат приговор. „Забораваат дека тоа е модерен град. Трагајќи по автентично римско искуство, туристите ги прифаќаат лошите услуги и безобразното однесување кога навистина би требало да речат доста“, стои напишано на moscerina.com.

koi-se-najcestite-greski-na-turistite-6

Во Рим сакаат пробирливи гости

Би можело да ве интересира:

10 грешки што ви го испразнат паричникот (до последно евро) на патување на брегот Амалфи Грешка и совет број 3: Обичен Aperol Spritz во нормален италијански бар чини 4 д...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
Од Скопје има евтини летови до Неапол, но зошто туристите се разочарани од градот? Од Скопје има евтини летови до Неапол, а овој италијански град се смета како доб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg