Што можете да правите во Фиренца оваа есен?

Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска катедрала и уживајте во храната.

shto-mozhete-da-pravite-vo-firenca-ovaa-esen01_copy.jpg

Есента е одлично време за патување, а ако се двоумите за дестинација, тогаш зошто да не одите во Фиренца?

Италијанскиот град може да ви понуди многу – од вкусна храна и продавници, до историја и архитектонски чуда.

Што можете да правите во Фиренца оваа есен?

Видете го Ponte Vecchio

Ponte Vecchio е еден од најпознатите мостови во Фиренца, но и Италија воопшто.

Изграден е преку реката Арно и ова е единствениот мост во Фиренца кој не бил уништен за време на Втората светска војна.

Препознатлив е по продавничките изградени на него каде што можете да најдете накит, уметнички дела и сувенири.

Посетете ја Giardino delle Rose

Giardino delle rose (градината со рози) е парк во кој можете да одморите по прошетката низ градот.

Паркот нуди прекрасен поглед кон Фиренза, а додека шетате низ него можете да уживате во рајот од рози и безброј други цвеќиња и растенија.

Посетата ја катедралата

Не може да отидете во Фиренца, а да не ја видите препознатливата катедрала.

Уникатната градба, лие целосно име е Cattedrale di Santa Maria del Fiore е импресивен пример за готската архитектура.

Изградбата почнала во далечната 1296 година, а завршила дури во 1436-та.

Фасадата на катедралата е украсена со мермерни панели во разни бои, додека ентериерот е исполнет со фрески и раскошни уметнички дела.

Пробајте ја вкусната храна

Во Фиренца мора да пробате сендвич со тартуфи, но и да се напиете чаша италијанско вино.

Од некоја пекара купете кекс од бадеми, а препорачливо е да ја пробате и супата од домати.

Ако сакате поавтентично јадење, тогаш пробајте peposo – вид гулаш со говедско месо.

Уживајте во панорамски поглед на градот

Покрај градината со ружи, за спектакуларен поглед кон градот можете да го посетите музејот Villa Bardini.

Дворот на музејот е преубав во пролет, но изгледа волшебно наесен кога сè има златна нијанса.

Друго место од кое можете да го видите градот е Villa Rusciano, историска куќа сместена на рид во близина на Фиренца.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg