Многу ветер, згради без лифтови и уште 7 негативни страни на животот во Данска + 12 позитивни
Наоѓањето стан во Копенхаген или Oрхус може да биде предизвик. Не очекувајте бајковита скандинавска зима и има малку снег и многу сивило и дожд.

Дени е блогер роден во Велика Британија, а живее во Копенхаген, Данска, од 2020 година, бидејќи вели дека навистина ужива во студено време и авантури на отворено.
Инаку, има живеено и во Стокхолм во 2019.
Тој споделува како изгледа животот во Северна Европа.
Детално ги доловува лошите и добрите страни, кои доминираат, на животот во Данска:
Лошите страни на животот во Данска:
Многу е ветровито
Ветрот знае да биде константен и особено тежок кога возиш велосипед.
Не очекувај бајковита скандинавска зима
Има малку снег и многу сивило и дожд.

Тешко е да се најде работа без дански
Процесот на вработување е бавен и конкурентен, особено без познавање на јазикот.
Данските даноци се високи
Повеќето луѓе плаќаат помеѓу 35–45%, но системот функционира.

Наоѓањето стан во Копенхаген или Oрхус може да биде предизвик
Побарувачката е голема, особено за поволни станови.
Јазикот бара време за совладување
Данскиот е тежок за изговор, но со време се учи.

Многу стари згради немаат лифтови
Особено во центарот на градовите, па внимавајте при барање стан.
Сè е скапо
Од храна до технологија – Данска е меѓу поскапите земји во Европа.

Супермаркетите се ограничени
Има мал избор и чести гужви, што може да биде фрустрирачки.