Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Добредојдовте во Лас Вегас!

Добредојдовте во Лас Вегас... местото каде што запираат сите умствени процеси и настанува ваше целосно исклучување од  рамките на светот.

dobredojdovte-vo-las-vegas-1

Додека сте таму како ништо друго да не постои. Сите нијанси на бои кои наѕираат од хотелите и казината ве оставаат зашеметени за време на вашиот престој

Лас Вегас е најнаселениот град на државата Невада, но малку кој го интересира тоа, она по што сите го познаваме Вегас е забавната индустрија, пред сè казината.

dobredojdovte-vo-las-vegas-5

Како што се движите по главната улица Стрип, од сите страни никнуваат гламурозни градби, огромен број на хотели меѓу кои и Белаџио, Венециан, Caesars Palace, Мираж, МГМ Гранд... сите сместени на едно место, со една единствена цел -  задоволување на сите можни потреби и барања на потрошувачот .

dobredojdovte-vo-las-vegas-8

Во Вегас можете да се коцкате, но можете и само да гледате како другите го прават тоа, можете да посетите ноќно шоу, да ги гледате уличните забавувачи кои ревносно се внесени во тоа што го прават, да ги гледате фонтаните на прекрасниот хотел-казино ресорт Белаџио, да уживате во звукот на апаратите макар и да не потрошите некој долар (меѓутоа на овој предизвик е тешко да се одолее).

Тука на коцкањето не се гледа како на порок, тука тоа е еден вид на рекреација, забава која ја практикуваат луѓе од сите возрасни групи дури и пензионери гледајќи на тоа како момент за опуштање и релаксација.

dobredojdovte-vo-las-vegas-3

Иако на многумина одењето во Вегас им делува невозможно, доколку имате прилика да бидете во Соединетите Американски Држави аранжманот во Лас Вегас може да го  реализирате многу поволно и поевтино за разлика од други дестинации во Америка. Имено хотелска соба можете да најдете и од $15 долари од вечер и да поминете незаборавни моменти.

dobredojdovte-vo-las-vegas-9

Доколку се решите за овој чекор топло ви препорачувам посета на:

- Ноќно шоу својствено само за Лас Вегас

- Фонтаните на Белаџио кој играат во ритамот на музиката

- Базенот на Ceasars Pallace еден од најдобрите објекти за дневен престој

- Посета  на стриптиз

- Или едноставно прошетка низ улиците на Вегас - Големиот број на улични изведувачи кој не ве оставаат на мир 24 часа можат да бидат навистина уникатно доживување.

И секако, одењето во Вегас не може да се замисли без казината кој ги има во секој хотел , а апаратите може да ги најдете безмалку и во секоја продавница...

Да, да, Вегас е градот кој мора да се доживее барем еднаш во животот!

Текстот ни го испрати Глигор Новаков

Би можело да ве интересира:

Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...
4 острови во Грција кои вреди да се посетат во септември Ако сè уште не сте го поминале летниот одмор и размислувате да го реализирате во...
Топ 8 најубави плажи на Пелопонез - со ситен песок и кристално чисто море Освен многуте археолошки пронаоѓалишта, историски знаменитости и атракции кои ну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg