Најубавите плажи во околината на Парга и Сивота


Најубавите плажи во околината на Парга и Сивота

Во близина на прекрасните Грчки гратчиња Парга и Сивота се наоѓаат едни од најубавите плажи на Јонското Море – вистински скриени бисери на регионот Епирус.

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-01.jpg

Плажите се песочни и со камчиња, а водата е тиркизно сина и една од најчистите во цела Грција.

Во Парга и Сивота има многу што да се види - од летни барови на плажа, ресторанчиња со превкусни Грчки и интернационални деликатеси, летни спортски активности за љубителите на адреналин, па сé до интересни градби и знаменитости кои го носат античкиот дух на Грција раскажувајќи историски приказни.

Ние ги одбравме најубавите плажи во близина на Парга и Сивота кои вреди да се посетат:

Bella Vraka, Сивота

Bella Vraka е најпознатата плажа блиску до Сивота. Сместена во карпест планински предел, оваа живописна плажа е идеална за сите кои сакаат да се одморат. Од градот до плажата се стигнува за 15 минути пешки, а не се препорачува да одите со автомобил бидејќи нема паркинг.

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-21.jpg

Galikos Molos, Сивота

Оваа плажа е најблиску до Сивота. Се наоѓа на 300 метри од градското пристаниште. Плажата е долга и тесна и е идеална за оние кои повеќе сакаат да пливаат, бидејќи на самата плажа нема beach бар.

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-04.jpg

Agia Paraskevi, Сивота

Оваа прекрасна плажа припаѓа на регионот Пердика и се наоѓа на 6 километри од Сивота. Водата е топла и е идеална ако имате деца, а во близина има мало островче кое можете да го посетите.

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-05.jpg

Zeri, Сивота

Плажата Zeri се наоѓа на оддалеченост од 1 километар од центарот на Сивота. Мала е и песочна и убаво уредена со лежалки, чадори и паркинг. На плажата има и таверна и мини аквапарк со базен.

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-14.jpg

Mega Ammos, Сивота

Mega Ammos е една од најпопуларните и најпосетените плажи блиску до Сивота. Плажата е со камчиња, неколку барови и ресторанчиња, а водата не е многу топла.

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-07.jpg

Valtos, Парга

Плажата Valtos се наоѓа на 2 километри од Парга. Плажата е долга 3 километри и секогаш има место за посетители. Опкружена е со зеленило, а се нудат и активности како возење со кану и скутер на вода.

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-08.jpg

Lichnos Beach, Парга

Лоцирана на 4 километри јужно од Парга, оваа плажа е една од најпосетените во овој регион. Има и песок и камчиња, а водата е чиста. До оваа плажа се стигнува пешки, со автомобил или со брод. 

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-09.jpg

Krioneri Beach, Парга

Главната градска плажа во Парга е сместена на само мало растојание од центарот. Од плажата има прекрасен поглед кон малиот остров Панагија. Има барови, таверни и интересни спортски активности, па секое лето е преполна со туристи.

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-10.jpg

Piso Krioneri, Парга

Според многумина, на оваа плажа водата е најубава за бањање, а нуди и прекрасна глетка на околината.

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-12.jpg

Agios Ioannis, Парга

Мала прекрасна плажа лоцирана на 6 километри од Парга. Плажата е со бели камчиња, бел песок и сина боја на морето. Опкружена е со планини и ритчиња.

najubavite-plazhi-vo-okolinata-na-parga-i-sivota-20.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите плажи во Шпанија за 2017-та одбрани од туристите Шпанија е една од најживописните земји во светот. Сигурни сме дека на повеќето о...
10 плажи во Италија со најчиста вода, каде ќе сакате да го поминете летото Италија е прекрасна земја која има многу да понуди кога станува збор за шетање, ...
Најубавите и најмагични предели во Италија (фото) Без разлика дали сте вљубеник во море, планина или магични селца, Италија нуди п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg