5 трикови со кои нé тераат да трошиме повеќе пари на аеродромите

Од осветлување до фонтови и архитектура, ништо не е случајно на аеродромите. Дизајнирани се да влијаат на однесувањето и расположението на патниците.

5 trikovi so koi ne teraat da trosime poveke pari na aerodromite 01

Важно е патниците да се опуштат, безбедно и навреме да стигнат до излезот, и по можност, да купат колку што е можно повеќе работи.

Ова се 5 трикови со кои нé тераат да трошиме повеќе пари на аеродромите:

Поглед на писта

Тајната на добриот аеродром е во едноставното движење по ходниците, за патниците да не талкаат и доцнат. Доколку ја видат пистата, полесно ќе се снајдат, па затоа големите стаклени sидови се многу чест дел од аеродромската архитектура.

Новите аеродроми имаат поглед на пистата и авионот веднаш по безбедносниот преглед, а на некои места и претходно.

Еднакви натписи

Натписите што укажуваат на излезот се скоро во сите случаи напишани во еден од трите фонтови: Helvetica, Frutiger и Clearview. Совршено се видливи од далеку, за разлика од тенките и не толку читливите фонтови.

Знаците се дизајнирани да бидат видливи од далечена од 35 метри. Експертите велат дека јасните натписи влијаат врз чувството на сигурноста.

5 trikovi so koi ne teraat da trosime poveke pari na aerodromite 02

Доволно сонце

Новите аеродроми имаат што повеќе прозорци и стаклени површини, дури и во продавниците. Ова се должи на фактот дека патниците избегнуваат темни места, а продавниците се секогаш најмногу осветлени.

Се гледаме кај скулптурата?

Големите скулптури на аеродромите се најдобриот лек за стерилното опкружување на бетон, стакло и челик. Но уметничките дела не заземаат простор само за да ги разубават ентериерите. Архитектите ги вклучиле во просторот за да им го олеснат патувањето на патниците.

Огромните скулптури се одлични за ориентација, место за наоѓање со сопатниците, но и украс што ги поттикнува луѓето да се чувствуваат удобно и да трошат повеќе пари во продавниците.

5 trikovi so koi ne teraat da trosime poveke pari na aerodromite 03

Добредојдовте, роботи!

Еден час повеќе на аеродромот значи околу 600 денари повеќе заработка по човек, велат аналитичарите. Поради ова е сè што може да биде автоматизирано. Најнапредните аеродроми сè почесто го менуваат персоналот со роботи.

Според едно истражување, на секои 10 минути што патникот ќе ги потроши на проверката на торбите, ќе потроши 30 проценти помалку во продавницата, поради што се работи на интензивно забрзување на проверката на багажот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи без кои стјуардесите не тргнуваат на пат (а не треба ниту вие) Чевлите за во авион им се секогаш затворени за добро да ја држат ногата. Секогаш...
9 работи кои ги пакувате непотребно во куфер (и откриваат дека сте неискусен патувач) Носите куп облека и работи за секој случај кои никогаш нема да ви требаат, како ...
„Во изминатите 3 години имав повеќе од 80 летови – научив 10 трикови кои секој треба да ги знае“ Авионските карти обично се со најповолна цена 4-6 недела пред датумот за летање....
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg