Викенд предлог: Колешино

vikend-predlog-kolesino-povekjeАко се погоди времето викендов, време е за прошетка. И тоа патот нека ве одведе до Колешино. До Колешино се стигнува преку Струмица. Ова село...

...се наоѓа на падините, односно подножјето на живописната планина Беласица, на надморска височина од 630 м. Има околу 400 домаќинства со 1.300 жители, познати како вредни земјоделци и производители на бостан и кикиритки.

Она што е посебно атрактивно се водопадите над селото. Реката Баба токму на овој дел прави неколку интересни слапови кои се вистинска атракција за сите посетители. Водата од водопадот паѓа од висина од 19 метри.

Зеленило и преубава природа ќе ве пречекаат на патот кон водопадите. Околината е средена, постои можност и за излет, правење скара, има дрвени клупи и маси – вистинска можност за еднодневен излет.

Ако сакате да преспиете може да се одлучите за некој од попатните мотелчиња.

vikend-predlog-kolesino-1

vikend-predlog-kolesino-2

vikend-predlog-kolesino-3

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секој петок ќе објавуваме по еден предлог за викенд посета.

Би можело да ве интересира:

Калитеа – 30 евра по особа, Сивири – со консумација: Какви се цените за лежалки на првиот крак во Гр... На дел од градските плажи, потребна е одредена минимална консумација на пијалаци...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Мрачната страна на крстарењата: Девојка доловува застрашувачки сцени од крузер (видео) „Ова е нешто што мора да го знаете за крстарењето во февруари“, вели девојка од ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
Топ 5 најубави плажи на Макарска ривиера во Хрватска Макарска повторно станува популарна дестинација кај младите, но и кај семејстват...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg