Спомен соба на Петре М. Андреевски, Валајца – Зошто вреди да се посети демирхисарското село Слоештица?

„За да бидат јамболиите цут бели, треба да се однесат на Валајца“ – велеа домаќинките во минатото. Знаете ли по што е прочуено демирхисарското село Слоештица?

spomen-soba-na-petre-m-andreevski-valajca-zoshto-vredi-da-se-poseti-demirhisarskoto-selo-sloeshtica-01.jpg

Македонија има голем број села, кои изобилуваат со природни убавини, но и споменици на едно минато време.

Такво е демирхисарското село Слошетица, кое е родно место на нашиот книжевен великан Петре М. Андреевски, но и дом на далеку прочуените „Валајци“ кои биле спас за секоја домаќинка во минатото.

Во спомен собата на Петре М. Андреевски посетителите имаат можност да се запознаат со неговиот богат живот, детството, младоста, неговите пријатели, таленти.

spomen-soba-na-petre-m-andreevski-valajca-zoshto-vredi-da-se-poseti-demirhisarskoto-selo-sloeshtica-02.jpgФото: Фејсбук - Центар за култура и рекреација „Еригон“

Таму се изложени трпезата кај што јадел, скутината, фурката и брдото од разбојот на неговата мајка Менка, кои ве носат директно во времето за кое зборува неговиот најпрочуен роман „Пиреј“.

Она што најмногу ги изненадува посетителите е фактот дека главниот лик во романот „Пиреј“, Велика, не бил измислен, туку вистинска личност.

spomen-soba-na-petre-m-andreevski-valajca-zoshto-vredi-da-se-poseti-demirhisarskoto-selo-sloeshtica-05.jpgфото: Фејсбук - Центар за култура и рекреација „Еригон“

Освен по оваа музејска поставка, селото Слошетица е познато и по далеку прочуените Валајци, кои во минатото беа спас за голем број домаќинки.

Јас се сеќавам на моето детство во 90-тите во Охрид, кога секој понеделник, за време на пазарниот ден доаѓаа луѓе и со комби прибираа јамболии за перење.

„За да бидат јамболиите цут бели, треба да се однесат на Валајца“ – ова беше правило на секоја домаќинка.

А, ако некогаш сте се обиделе рачно да исперете јамболија, тогаш ќе сфатите дека навистина биле во право.

Исто така, овие валавици се користеле и за валање на штотуку исткаеното тешко платно, но и за штотуку исткаените јамболии, со цел да бидат погусти и поиздржливи.

Денес овие валавици се претворени во музеј под отворено небо, а ќе имате можност да видите како во минатото со помош на водите на Бела Река која паѓа од високо, по двете букови цевки паѓа вода во дрвените корита и креира вртлог кој бил во минатото бил идеален за перење на тешките ракотворби.

Исто како да сте ги испрале на центрифуга...

spomen-soba-na-petre-m-andreevski-valajca-zoshto-vredi-da-se-poseti-demirhisarskoto-selo-sloeshtica-06.jpg

Ова е уште еден споменик од минатото што сигурно треба да се посети, затоа што ќе ве наврати на нашето богато минато и традицијата која овде се чува со векови.

Ако не ве привлекуваат музеите, тогаш сигурно ќе ве привлече чистиот воздух и недопрената природа на околината, која е идеална за викенд бегство.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...

Најчитани неделава