Искуство од Кина

iskustvo-od-kina-zemjata-koja-mora-da-ja-posetite-povekje„Знаевме дека не патуваме во соседна земја, но сепак мислевме дека е невозможно да има толку голема разлика во културите.“ – вака...


...ја започнуваат приказната Јована и Хелена за праксата во Кина, каде заминаа преку АИЕСЕК.

По пристигнувањето нашите домаќини не пречекаа со чашки врела вода. Не можевме да го сокриеме нашето чудење. Дури една недела подоцна дознавме дека во Кина, без разлика на годишното време и температурата се служат топли пијалаци. „Нашите срца се топли како и топлиот пијалак.

Непристојно е да послужиш некого со студена вода“ - велеа тие. Нашиот шок се продлабочи кога во нашите соби ги здогледавме креветите татами - кои немаат душек и се спие на сламена прекривка изработена од стебло на оризово дрво. Со ужасни болки во грбот следното утро присуствувавме на организираната прошетка низ најпосетуваната атракција во Шјамен, островот Гулан.

iskustvo-od-kina-zemjata-koja-mora-da-ja-posetite-2

Забележавме како повеќето од посетителите таму покажуваа со прст кон нас, ни се обраќаа на кинески и нè фотографираа. Некои од нив дури и сакаа да се фотографираат со нас. Домаќините ни раскажаа дека во Јужна Кина ретко доаѓаат странци и дека луѓето се љубопитни за тоа кои сме и зошто сме дошле, како и тоа дека им се допаѓаат нашиот светол тен и бојата и формата на очите.

Работа

Кинезите важат за работлив народ кој работата ја става на прво место. И тоа е апсолутно точно. Поголем дел од нив имаат работно место и покрај тоа што немаат што да работат. Нашата пракса се одвиваше во музејот ШајнГуд, во кој се изложуваа артефакти изработени од жад кои потекнуваат од древна Кина. Нашата задача беше да осмислиме и спроведеме маркетинг план за да го популаризираме музејот помеѓу туристите и два милионската популација на градот. 

iskustvo-od-kina-zemjata-koja-mora-da-ja-posetite-4

Персоналот беше исклучително пријателски настроен, имавме одлични услови за работа. Велам, навистина беа одлични, токму заради еден мал детал. Во Кина, помеѓу 12 и 13 часот има пауза за дремка. Да. За да си поспиете. Во тој период милијарди вработени луѓе низ цела Кина се навалуваат на своите столчиња, или пак ги ставаат главите на работните маси, и тонат во длабок едночасовен сон. И верувајте, чувството е прекрасно!

Стил на Живот

Кинезите живеат динамично, и задоволството кое не си го ускратуваат никако - е сонот. Покрај дремкањето на работа, спијат буквално каде ќе им текне. Исто така и јадат набрзина, и веднаш стануваат од масата. Оригиналната кинеска храна беше повкусна од што можевме да си замислиме. И не, не јадевме змии, кучиња, коњи и лебарки. Дознавме дека ваквите прехранбени продукти биле типични за периодите на големи суши или поплави, кога владеел глад низ целата земја. Денес, такви „специјалитети“ може да се пробаат исклучиво во Источна Кина.

iskustvo-od-kina-zemjata-koja-mora-da-ja-posetite-1

Најмагичното нешто беа пијалаците - од цедените сокови од овошја кои немаат ни име на нашиот јазик, до Тајванските bubble tea и milk tea, како и националниот пијалок Шао Сјен Цао. За време на седумнеделниот престој, овие пијалаци не натераа сосема лесно да се откажеме од консумирање на кафе. Како и да е, алкохолот кој тие најчесто го пијат, сосема невино го нарекуваат вино- а, всушност е 68% ракија од ориз. Токму заради тоа, кинезите или не пијат, или ги изнесуваат од локалите на раце. И тоа не се смета за ништо невообичаено. Ноќниот живот е сосема спротивен на дневното секојдневие. На сончевата светлина ги гледавме девојките кои весело подрипнуваа во своите чипкани фустанчиња и сламени шеширчиња, а навечер се претвораа во урбани девојки кои знаат да се забавуваат.

Love is in the air

Најубав период за посета на Кина е есента, која изобилува со државни празници и обичаи. Ние немавме среќа да присуствуваме на еден од поважните Кинески фестивали, па со големо задоволство го дочекавме кинескиот Св. Валентин. Кинезите кои и без тоа беа големи “џентлмени” (им придржуваа чадори на своите љубени, ги ладеа со лепези, им ги носеа ташните…) на осми Август држеа големи букети со цвеќиња, мечиња, зајчиња, и други слатки суштества (како овој на сликата).

iskustvo-od-kina-zemjata-koja-mora-da-ja-posetite-3

100 Јоани, ни вика продавачката гордо држејќи го буќетот со мали зајчиња. Да имавме место во куфер, можеби и ќе си купевме, ама вака…. Се’ што купувавме меревме во килограми, обем… ќе го собере ли во куферот, ќе платам ли претовар ?!? А од дома ни викаат “Купи си ќерко, па донеси нешто за мене, за татко ти, за сестра ти, за баба ти…”

А тебе кој град повеќе ти се допаѓа – Пекинг или Шангај ?

Голема е Кина. Има што да се види. Нашиот избор беа Шјамен, Шангај, Ханџоу и Пекинг. И ете уште не можеме да се решиме кој град во Кина е најубав. Секако во потесниот круг останаа Пекинг и Шангај. Се потрудиле Кинезите да го изградат најнаселениот град во светот (23 милиони жители) во современ американски стил, и мора да признаеме добро им оди. Сите бевме воодушевени од Шангај.

iskustvo-od-kina-zemjata-koja-mora-da-ja-posetite-5

Наспроти современиот Шангај – традиционалниот Пекинг со големиот кинески ѕид, забранетиот град, летната палата, рајскиот храм и останатите културно - историски знаменитости просто го одземаат здивот. Преполн со туристи од целиот свет кои сакаат да го посетат едно од седумте светски чуда, Кинескиот ѕид е најголемата туристичка атракција во Пекинг. Гордо исправен помеѓу планините му служел и ќе му служи на Кинескиот народ – порано за заштита од непријателот, а денес – за профит (туризам).

Ако сакате и вие да доживеете вакво слично искуство имате уште шанса да се зачлените во АИЕСЕК:

На некој од нашите инфо штандови на факултетите или аплицирајте на http://aiesecskopje.org.mk/

Станете фан на нашата страница на Фејсбук: https://www.facebook.com/pages/AIESEC-Skopje/115551373622

Бидете дел од првиот Информативен состанок кој ќе се одржи  денес  - вторник 27.09.2011 во 18:00 часот, во Амфитеатар 4 на Економски факултет во Скопје.

Линк до настанот на Фејсбук: https://www.facebook.com/pages/AIESEC-Skopje/115551373622#!/event.php?eid=117753168330067

Би можело да ве интересира:

Најубави плажи во близина на Олимпијада, Халкидики - песочни и со кристално чисто море Олимпијада е мало местенце, сместено на западоисточниот брег на Халкидики. Се на...
9 потценети туристички дестинации кои ќе бидат популарни во 2024-та Финска и Словенија се омилени дестинации за 2024 во Европа, а во Африка тоа е Та...
Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизн... „Бев на повеќе божиќни маркети во градот, но најсилен впечаток ми остави Rathaus...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
3 предлог дестинации за есенско патување Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомене октомври? Не знам за вас, но мене о...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg