Ме болеа солзите на мојата мајка

Луѓето треба да научат дека не сè во животот тече според она што го зацртале во својата глава и не секој го живее животот на начинот на кој замислува општеството. Иако луѓето постојано се кажуваа како луѓе со широк ум, сепак тие си земаа за право да осудуваат.

me-bolea-solzite-na-mojata-majka-01

Јас и сестра ми бевме израснати од нашата самохрана мајка. Цел живот сама беше маж во куќата, цел живот сама беше жена во куќата. Знаете често знаевме да слушнеме погрди зборови  за неа од нашите соседи, но таа никогаш не дозволи нешто да ни недостига.

Никогаш не нè посрамоти и секогаш кога ќе сакаше да излезе со пријателките се враќаше бргу дома иако немаше потреба од тоа.

Едноставно сакаше да го живее животот, кој не заврши по напуштањето од страна на татко ми, туку баш напротив продолжи со уште поубав тек. Луѓето никогаш не можеа да го разберат тоа.

На трпезата секогаш имавме вкусни јадења, домот секогаш го напуштавме средени и никогаш не дозволи да се посрамотиме на училиште. Низ годините кои ги поминавме со неа ни ги пренесе сите можни морални вредности и нè доведе што е можно поблиску до патот кој водеше до успехот. 

За татко ми не зборувавме често, бидејќи сметавме дека нема потреба да се зборува за човекот кој одлучил да остави цело семејство зад себе и да избега од одговорностите.

Иако многумина многупати и зборуваа, мајка ми никогаш не зеде алиментација од него, а тој никогаш не ги виде своите деца, не бидејќи таа не му дозволи, бидејќи тој не сакаше. Бог знае зошто тоа беше така, но не ни сакавме да знаеме бидејќи мајка ми, таа жена се погрижи ние да бидеме среќни и навистина бевме иако многумина околу мислеа поинаку.

Она што најмногу ме болеше во тие години додека расневме, беа нејзините солзи, кога жената ќе дојдеше од работа и ќе почнеше да плаче. Имаше разни причини, дали сметките беа превисоки, дали требаше да се плати нешто плус во училиште или да се оди некаде, иако беше силна, жената знаеше да се скрши на делови.

Кога ќе нè видеше во близина, ги бришеше солзите и повторно беше онаа силната која гризе во животот, но многупати ја гледавме како лее солзи загрижена за тоа како ќе ни обезбеди ново утре иако никогаш не сакаше да ја видиме во таква состојба.

Тоа јас го нарекував храброст, тоа јас го нарекував сила, иако многумина од соседите и лепеа други погрди епитети како расипикуќа, недомаќинка, разведена, нимфоманка, ние дома ја имавме вистинската слика за она што општеството го осудуваше. Дури во нашите тинејџерски години ја теравме да излезе и да си најде некој соодветен тип кој ќе ја направи среќна кога ние ќе заминеме по својот пат, таа тоа го заслужуваше.

Јас и сестра ми и нашите чекори кон целта бевме сведоци дека таа самохрана мајка која беше секојдневно осудувана од злите јазици на малограѓанштината, беше чесна жена со достоинство кое никогаш не дозволи да биде погазено. Таа не израсна и ни даде сѐ она што многумина не можеле да го имаат дури и во семејство со двајца родители.

Таа не се жалеше и никогаш не рече погрден збор за татко ми, иако сите знаевме дека многу и згрешил. Таа не учеше да сакаме и да простуваме, да се почитуваме себеси и дека без разлика колку животот тргнал во различна насока од она што сме мислеле, не треба да се предадеме.

Можеби не беше предвидено жената да биде самохрана мајка, но таа беше еден од многуте примери во општеството дека една силна жена тоа го може и без разлика колку грди епитети има на себе, таа може да ги доведе своите деца на вистинскиот пат, иако многумина околу се сомневаа во тоа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“ „Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоале...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg