Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга

На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете и ќе му кажува што да прави, а што не...

teshko-e-da-zhiveete-vo-brak-kaj-shto-ste-povekje-majka-otkolku-sopruga-01.jpg

Пред да се омажам, посакувам некој да ме повлечеше за рака и да ми кажеше да размислам малку повеќе за тоа кого ќе изберам за сопруг.

Сега кога сум постара и позрела, гледам дека имаше многу показатели дека тој е погрешен, а јас како наивна жена мислев дека тоа се минливи работи.

Некои дури и ми делуваа симпатично во тоа време. Иако немаше никој да ми ги отвори очите, сепак сакам да им ги отворам очите на другите млади девојки и жени.

Ако не сакате да направите погрешен избор и ако не сакате да му бидете мајка на вашиот сопруг, обрнете внимание на следниве работи:

Му се допаѓа кога плаќате и го честите.

Кога бевме млади, двајцата бевме вработени, а мојата плата беше малку подобра од неговата, па често се нудев да платам за работите што ги купувавме заедно.

Никогаш не се бунеше кога се нудев да платам. Згора на тоа, сфатив дека со задоволство ми го препушта тоа.

Таа навика само се влошуваше во бракот. Сите пари ги штеди и ги троши исклучиво за себе, додека јас трошам на себе, на куќата, на децата и на сите потребни и непотребни работи.

teshko-e-da-zhiveete-vo-brak-kaj-shto-ste-povekje-majka-otkolku-sopruga-02.jpg

Самиот не знае ништо: човекот кој е 4 години постар од мене се однесува како детиште.

Кога требаше да се јавиме некаде или да нарачаме нешто преку телефон, секогаш морав да се јавувам јас бидејќи тој „не знае“.

Секогаш морав да му кажам како да се изразува подобро, да не пелтечи додека зборува, да не се однесува како што се однесува. Како вистинска мајка!

Ми здодеа да го поправам, па сега му дозволувам да се посрамотува пред луѓето. И да ви кажам, забавно ми е да го гледам.

Не се труди многу да заработи.

Еден период дури морав да работам две работни места за да го исплатам кредитот што го подигнавме за станот.

Додека јас се „убивав“ од работа секој ден, тој работеше од 8 до 3, а остатокот од денот го поминуваше гледајќи телевизија.

Залудно беше да му зборувам да се „помрдне“ или да најде нов начин на заработка, тој едноставно не го знаеше тоа, ниту сакаше.

До ден-денес повеќе се чувствувам како негова мајка отколку како неговата сопруга.

И, толку е иритирачки што не може да се опише.

Секоја жена сонува да има голем фраер покрај себе, алфа мажјак... А не некој што треба да го влече наоколу како дете кое уште не проодело.

Затоа внимавајте со кого ќе се омажите... тоа е за цел живот!

Извор

Би можело да ве интересира:

„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава