Заради сестрата станувате подобар човек

Иако можеби во овој момент сте скарани затоа што ви го земала џемперот или ве издала за некоја ситница на родителите, постојат многу добри причини и предности да се има сестра во животот.

zaradi-sestrata-stanuvate-podobar-covek-1.jpg

Науката докажува дека сестрите помагаат во развивање на социјалните вештини како комуникација, компромиси и преговори. Дури и кавгите со нив се здрави за развојот.

Сестрата е посебно важна за менталното здравје

Ви треба помош? Побарајте ја вашата сестра.

Истражувањето објавено во 2010-та година покажува дека сестрите го поттикнуваат вашето ментално здравје и вашата самодоверба. Па така, тоа што имате сестра ве штити од самотија, недостаток на љубов, чувство на вина, себичност и страв.

Ве прават почувствителна личност

Истото истражување покажува и дека сестрата може да ви помогне да станете пољубезни, односно да бидете поотворени за пружање помош.

zaradi-sestrata-stanuvate-podobar-covek-2.jpg

Тоа произлегува од емпатијата која сестрата ја покажува, а влијанието на оваа емоција се чувствува и во другите односи низ животот.

Дури и ако се расправаат, додека има љубов, односот е позитивен. При кавгите мора да се балансираат и регулираат емоциите, а тоа е важна лекција подоцна во животот.

Сестрата ги „остри“ вештините кои се потребни за меѓучовечки односи

На крајот од денот, сестрата е таа која може да ве научи како да ги решите недоразбирањата, како да ја зацврстите емпатијата и да ги негувате односите со другите.

Преку односот со неа учите како да се носите со аргументите и ситуациите кои ескалирале за најмалата ситница.

Научниците откриле и дека мажите кои растат со сестри се многу подобри во комуникација со жените, отколку оние кои се единци или имале само браќа.

zaradi-sestrata-stanuvate-podobar-covek-4.jpg

Сестрите ве учат на независност, амбиција и рамнотежа

Докажано е и дека личностите кои израснале со барем една сестра, се многу поодлучни и независни од оние кои растеле сами или со брат.

Се работи за внатрешната желба секој пат да сакаме нешто подобро, да тежнееме кон нешто позначајно. Се чини дека постои нешто посебно во семејствата во кои има барем една ќерка, тие водат до поголемо поттикнување на успехот и независноста.

Зошто баш сестра? Бидејќи тие знаат подобро да изразуваат емоции.

Жените ги отвораат каналите за комуникација. Емотивното изразување е клучно за доброто психичко здравје, а сестрите во семејството постојано го поттикнуваат.

Па, заблагодарете ѝ се на сестрата која несвесно ве прави подобар човек.

zaradi-sestrata-stanuvate-podobar-covek-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Илустрации што покажуваат дека животот со тинејџери не е песна (и дека животот со нив носи главоболк... Се сеќавате ли сѐ уште на времето кога бевте тинејџери? Помните ли како ви беше ...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg