Најдобрите два подароци кои секој татко може да ѝ ги подари на својата ќерка

Многумина од вас веројатно помислија на материјални подароци од типот на автомобил или живеалиште. Тоа, секако, e сосема во ред, но постојат поинакви „подароци“ кои секој татко може да им ги даде на своите деца, за кои ќе му бидат особено благодарни, а не доаѓаат спакувани со црвена панделка на врвот.

Najdobrite-podaroci-koi-sekoj-tatko-moze-da-i-gi-podari-na-kjerkata-01.jpg

Врската помеѓу татковците и ќерките е особено интересна и длабока. Таа е моќна, нераскинлива, а постојат два подарока кои вие драги татковци можете да им ги дадете на своите ќеркички и да бидете мирни дека сте направиле огромна и работа како и значајна разлика во нивните животи.

Првиот подарок е – да ѝ помогнете на ќерката да ги согледа сите нејзини квалитети кои ги поседува, а немаат никаква врска со нејзината надворешна убавина.

Вашата должност е да ѝ дадете до знаење дека физичката убавина, ниту е најважна, ниту пак пресудна во животот.

Што е она што има предност пред овој тип на убавина?

Секако, нејзината емпатија, начинот на кој нејзините очи светат додека таа се смее. Да ја научите дека секогаш е подобро да се направи она што е правилно, дури и кога изборот е тежок.

  • Да ја негува и цени сопствената смисла за хумор и внатрешната сила која ѝ помага да се справи со предизвиците и тешките времиња.
  • Да верува во себеси и да не се спречува во постигнувањето големи нешта за кои е предодредена.
  • Потребно е да ѝ влеете чувство на сигурност, дека секогаш ќе бидете тука за неа како татко, без оглед на сè што се случува.
  • Да ја научите дека ние луѓето сите сме несовршени и дека е сосема доволна и „совршена“ токму онаква каква што е.
  • Да ја поттикнете да испробува нови работи, да презема ризици и да биде храбра.
  • И секако, да ја потсетувате дека со сопствената интелигенција може да постигне сè што ќе науми, а тоа нема никаква врска со нејзиниот надворешен изглед.

Доколку не се исплашивте, подготвени сте за втората лекција, односно подарокот. А тоа е:

Да ја научите да го препознае човекот кој ја почитува и да не очекува ништо помалку од тој вид на почит.

Секако, потребно е да ѝ укажете дека треба да ја здобие почитта на многу од луѓето кои се околу неа, но ова е особено важно за љубовните романтични врски.

Доколку партнерот не ја почитува, таа не смее да се задоволува со трошки и да остане по секоја цена во врска со ваков човек.

Никогаш не треба да се помири со ваквото однесување и треба да биде во состојба да го препознае човекот кој ќе ја цени и почитува, а вие ќе се погрижите за овој дел?

А каков подарок вие ќе добиете за возврат на овие кои ќе ѝ ги пренесете на вашата ќерка?

Најубавиот, секако покрај љубовта. Ќе бидете сведоци како истите овие подароци таа ги пренесува и на своите деца.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg