„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“

„Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате време за себе? Мојот избор е да немам деца и сите ме прашуваат која ми е целта во животот“ – вели млада жена, која ги подели мислењата на другите жени на социјалните мрежи. Според некои, таа е сосема во право, а според други таа е себична.

ne-sakam-da-imam-deca-mojata-cel-e-da-spijam-da-odam-vo-shoping-i-da-odam-na-manikir-01.jpg

Стефани Ноубл од САД објави видео на ТикТок во кое раскажа како и зошто одлучила да нема деца, па во коментарите ги подели мислењата на нејзините следбенички.

Како што вели, ѝ се смачило постојано да им објаснува луѓето зошто донела таква одлука.

„Јас сама избрав да немам деца и сите постојано ме прашуваат: ‘Која ми е целта во животот? Ако немам деца во животот, која ми е целта?’

Мојата цел е да си ги средам ноктите, да одам во шопинг, да си се почестам самата себеси, еве, погледнете каква чанта си купив.

Да бидам наспана, да патувам, да дремнувам кога сакам. Затоа немојте да велите дека немам цел во животот затоа што немам деца. Како не ви е срам!“ – вели таа во видеото.

@iamstephanienoble

Lack of purpose? WHERE? 💅🏼 #childfreebychoice #childfree #kidfreelife

♬ original sound - 🩵Stephanie Noble🩵

Видеото стана вирално и само за неколку дена собра речиси 3 милиони прегледи, а нејзините следбенички дадоа поделени коментари.

Додека едни ја поздравија и рекоа дека и самите донеле таква одлука и тоа било најдоброто нешто што го направиле во животот, според други таа е себична, но ја поддржуваат дека никој нема право да ве прашува која ви е целта во животот кога немате деца.

„Навистина е болно кога луѓето зборуваат така. Јас не можам да имам деца, па многу ме боли кога некој ќе ми рече дека немам цел во животот затоа што немам деца“;

„Јас сум мајка на 3 деца и сѐ уште не знам која ми е целта“;

„Како мајка со деца, те молам да одиш на некој тропски остров за мене и да уживаш. Не мора секој да има деца“;

ne-sakam-da-imam-deca-mojata-cel-e-da-spijam-da-odam-vo-shoping-i-da-odam-na-manikir-02.jpg

„Имам 3 деца и пак успевам да си ги средам ноктите, да одам во шопинг, да дремнам и да одам на одмори, па и да си дозволам луксузна облека. Можеш да го имаш сето тоа и со деца“;

„Подоцна ќе се каеш за ова, кога ќе бидеш на возраст помеѓу 45 и 80 години, кој ќе биде околу тебе, кој ќе те посетува“;

„Јас сум самохрана мајка и пак ги правам сите тие работи што ги правиш и ти“ – стои во дел од коментарите.

ne-sakam-da-imam-deca-mojata-cel-e-da-spijam-da-odam-vo-shoping-i-da-odam-na-manikir-03.jpg

Што мислите вие? Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате време за себе?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава