6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син

Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да имаш деца, за твоите деца да не мора да закрепнуваат од тоа што те имаат тебе како родител.

6-lekcii-na-koi-sekoj-tatko-treba-da-go-nauchi-svojot-sin-i-nemaat-vrska-so-seksot-01.jpg

Да се биде татко е прекрасна, но и навистина одговорна улога.

Татковците мора да ги научат своите деца на особено важни животни лекции.

Овојпат ќе се задржиме на лекциите од татковците за синовите:

Лекција 1

Да се биде физички атрактивен е одличен начин за привлекување внимание. Но, да се биде психички атрактивен е најзначајниот начин за да се задржи нечие внимание.

Едуцирај се, ослободи се од токсични мисли, справи се со несигурностите и научи да бидеш среќен сам.

Лекција 2

Нормализирај го кажувањето „не“ без потреба да се објаснуваш. Ако некој е навреден од твоите граници, тогаш тоа е негов проблем.

Најдобро е да не дозволиш да се изгубиш себеси поради мислењата на другите луѓе.

Лекција 3

Не се води од туѓите дефиниции за забава. Забавата не значи: пиење, луди забави и дружење со милион луѓе по секоја цена.

Забава може да биде и ноќ мината сам со книга или со длабок разговор со сакана личност, потоа креирање музика, уметност или работење. Ти сам го дефинираш твојот начин на забава.

6-lekcii-na-koi-sekoj-tatko-treba-da-go-nauchi-svojot-sin-i-nemaat-vrska-so-seksot-02.jpg

Лекција 4

Пред да се ожениш, со избраничката дискутирај за сметки, верувања, ставови околу начин на воспитување на деца, трауми од детство, сексуални очекувања, финансиски очекувања, здравје, кариера и едукација.

Љубовта не е доволна.

Лекција 5

Годините од 15 до 30 се твојата златна ера. Создаваш пријатели и ги губиш, правиш грешки и ги коригираш, паѓаш и стануваш, учиш, сфаќаш, реалноста те удира, се вљубуваш, те повредуваат.

Се губиш себеси, но одново се наоѓаш и стануваш посилен.

Запомни, ова се најубавите години од твојот живот, мора да направиш разлика помеѓу уживање во нив и протрчување низ нив.

Лекција 6

Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да имаш деца, за твоите деца да не мора да закрепнуваат од тоа што те имаат тебе како родител.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Не, сине, ништо не ми должиш, оди слободно по својот пат (нека не те плаши мојата старост)“ Мајчинството не е договор, ниту долг, тоа е бескрајна љубов која не бара ништо з...

Најчитани неделава