Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот“
„Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)правам. Постојано брзавме некаде, тоа ме нервираше... и имавме планови, но знаев дека за мене секогаш ќе најде време. Често викаше и пцуеше... Но, го сакаше животот (и ме научи да го сакам и јас)...“

Ирена Вуковиќ е писателка од Србија кои со своите моќни објави на Инстаграм допира до срце.
Таа неретко споделува и детали од приватниот живот со нејзиниот син, а сега му посвети и моќна објава.

Нејзината објава што допира до срце гласи:
„Би сакала еден ден мојот син, кога ќе зборува за мене, да каже...
Не готвеше ни често, ни нешто посебно добро,
но имавме ритуали - палачинки во недела и мафини со чоколадо кога ни доаѓаа гости.

Во петок одевме кај дедо во ресторан на риба,
а имавме и омилени ресторани и кафеани.

Ме научи да им оставам бакшиш на келнерите и музичарите, дури и кога услугата не беше нешто посебно.
„Тоа е работа на домашно воспитување...“

Беше опседната со чистење и организација,
но се трудеше тоа да ми го пренесе само онолку колку да не бидам неуреден.
Зашто „никој не сака неуредни мажи.“

Се плашеше, но никогаш не дозволи нејзиниот страв да стане мое ограничување.
Мојата слобода ја плаќаше со непроспиени ноќи.

Ме пушташе да грешам, постојано.
И беше тука кога ќе ги трпев последиците од тие грешки.
Никогаш не рече: „Ти кажав јас.“

Се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)правам.
Постојано брзавме некаде, тоа ме нервираше... и имавме планови,
но знаев дека за мене секогаш ќе најде време.

Често викаше и пцуеше.
Но, го сакаше животот (и ме научи и мене да го сакам).

По што би сакале вие да ве паметат?
Го живеете ли животот во склад со тоа?“
С. С. | Црнобело
