„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“

„Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дете, си велев дека ова е лекција што треба да ја научи. Но, наредните неколку денови сфатив дека усреќив друго дете со страдањето на моето…“

prestanav-da-go-teram-sin-mi-3-da-deli-igrachki-so-drugite-deca-shto-nauchiv-od-ova-01.jpg

Во колумна за The Atlantic, мајка открива зошто престанала да го присилува нејзиниот тригодишен син да ги дели своите играчки со другите.

Вели дека иако многу луѓе сметаат дека треба да ги воспитаат своите деца да делат со другите, таа верува дека на овој начин тие ќе почнат да ја гледаат дарежливоста како нешто што мора да го прават присилно, а не како нешто добро.

Нејзината исповед во продолжение:

„Сè започна со играчка камион. Секој ден одиме на детско игралиште со си ми, а еден ден тој посака да понесе играчка. Имаше три години и веднаш стана најпопуларното дете на игралиштето.

Неколку деца застанаа околу него додека си играше и гледаа во камиончето. Нивните родители гледа во мене.

Знам што мислеа сите – другите деца сакаа и тие да си играат, а родителите чекаа јас да му речам на син ми да им ја даде играчката.

Син ми немаше поим што се случува и продолжи да си игра.

prestanav-da-go-teram-sin-mi-3-da-deli-igrachki-so-drugite-deca-shto-nauchiv-od-ova-08.JPG

Ако тој сам не ја понуди играчката и јас не го натерам, другите родители ќе мислат дека е разгален. Но, син ми многу ја сакаше таа играчка.

Дали требаше да се откаже од неа само затоа што и другите деца ја сакале?

Едно дете постојано пробуваше да му ја земе – еднаш и успеа и почна да трча. Мајка му го фати и кога му ја зеде, почна да плаче.

Се почувствував ужасно, па му реков на син ми да му ја даде да си поигра.

prestanav-da-go-teram-sin-mi-3-da-deli-igrachki-so-drugite-deca-shto-nauchiv-od-ova-06.JPG

Додека син ми плачеше, си помислив дека така треба, дека мора да научи како да дели со другите и дека ова е негова лекција.

Но, потоа со недели постојано размислував за она што се случи. Усреќив друго дете со страдањето на моето.

Нормално, сакав да одгледам дете кое ќе биде фер, кое ќе биде дарежливо и кое ќе се грижи за другите. Но, дали помагаше тоа што така го присилував да ги дели своите работи?

Кога бев мала, ме учеа дека секогаш треба да го делам она што го имам. И, се претворив во личност која им удоволува на другите и им попушта на сите.

Ги потиснував моите потреби наместо да кажам ’не“. Дали го воспитував син ми на истиот начин?

Им велиме на нашите деца дека мораат да делат со другите, но зошто?

prestanav-da-go-teram-sin-mi-3-da-deli-igrachki-so-drugite-deca-shto-nauchiv-od-ova-02.JPG

Една пријателка ми рече дека тоа е како трансакција – ако син ѝ сака да си игра со туѓи играчки, треба да биде подготвен да ги даде и своите.

Друга пријателка ми рече дека делењето со другите е покажување грижа и емпатија.

Но, како можам да очекувам мојот тригодишен син да го разбере тоа?

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава