Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)?
Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека му се оди во тоалет, да заврзе патики, да закопча јакна – нема да има полесно прво одделение. Што треба да знае да прави детето пред да научи букви и броеви?

Во последно време, со социјалните мрежи, како да се прави некој непотребен притисок за тоа што се треба да знаат децата да прават, кое дете е попаметно и понапредно.
Родителите си создаваат нереални замисли и цели, а потоа непотребно се разочаруваат и живеат во постојано споредување.
И сосема е во ред доколку некое дете знае да чита и пишува пред да тргне во училиште, но тоа не значи дека тоа е единствената вештина која е најважна.
Не е доволно детето да пишува, а да не знае да изврши други основни задачи кои се дел од секојдневниот живот и постоењето.
На српски Инстаграм профил кој се занимава со совети за родителството, има објава која може да им биде корисна на родителите, а е токму на оваа тема.

Во продолжение погледнете ја објавата во целост:
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)?
Пред сè тука е самостојноста:
- да заврзе врвци
- да отвори и затвори шише
- да излупи мандарина или банана

- да закопча јакна
- самостојно да користи тоалет
- да заклучи и отклучи шкафче
- да ја знае адресата каде што живее, име и презиме на двајцата родители и идеално – нивните телефонски броеви

Потоа, фина моторика:
- правилно да држи молив (со три прста, кон врвот на моливот)
- да знае да користи ножички и да сече хартија
- да умее да наостри молив
- да умее со моливот да следи зададени линии на хартија и малку попрецизно да бои

И можеби најважно од сè, социо-емоционални вештини:
- отпорност на фрустрации – да не почне да се лути или да се откажува по првиот неуспех
- саморегулација – да умее после вознемиреност да се врати во мирна состојба

Како и да умее да:
- одложи задоволство и да контролира импулси (да почека одмор за да јаде, да почека некој да заврши со реченицата па да каже што сака)
- да знае да ги искомуницира своите потреби или да пренесе информација (дека нешто го боли, дека му е ладно, дека мора да оди во тоалет и сл.)

Дете кое е на овој начин подготвено, многу полесно ќе научи и да пишува и да чита.
Заедничка е одговорноста на воспитувачите и родителите да ги развијат овие вештини и способности кај детето.
Нема сите деца да бидат подеднакво подготвени – на ова ќе влијаат возраста, когнитивните и емоционалните предиспозиции на детето, но на ова може да се работи.
Многу повеќе ќе му помогнеме на детето ако енергијата ја насочиме на работи од оваа листа, отколку на пишување букви година дена порано
Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека ред, да поднесе фрустрација или да побара помош – нема да има полесно прво одделение.

М. М. | Црнобело / фото: freepik.com