Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници

„На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите екраните како дадилки и дозволете на децата да им биде здодевно. Научете да им кажувате ’не‘“.

teshki-vistini-so-koi-sekoj-roditel-treba-da-se-soochi-spored-nastavnici-01.jpg

Да се биде родител несомнено е една од најтешките работи.

И, ова не е само поради непроспиените ноќи, менувањето пелени и немањето време за себе додека детето да стигне одредена возраст. Исто голем предизвик е и воспитувањето на детето.

Секој родител е одговорен да го изведе своето дете на вистинскиот пат и да му помогне да стане добра личност.

Сепак, и родителите се само луѓе, па нормално, дури и очекувано е некогаш да потфрлат. Но, затоа, пак, наставниците кои минуваат многу време со секакви деца мошне добро ги забележуваат пропустите.

На форумот на BuzzFeed, неколку наставници ги споделуваат тешките вистини со кои секој родител мора д се соочи.

Дел од нив во продолжение:

„Вашето дете не е возрасна личност и не треба да го третирате така. Вие сте најважниот учител во неговиот живот, па престанете да му попуштате за сè“.

„Натерајте го детето да стане од кревет и да оди на училиште! Многупати кога ги прашувам родителите каде се децата, ми кажуваат дека не им е ништо, но уште спијат, на пладне“.

„Сите ние сме ги повредиле нашите родители или сме ги мразеле правилата што ни ги поставувале. Немојте да се плашите дека вашите деца ќе ви се лутат. Љубовта кон родителот ќе им помогне да ја надминат фазата“.

teshki-vistini-so-koi-sekoj-roditel-treba-da-se-soochi-spored-nastavnici-02.jpg

„Ве молам не ставајте телевизор и конзоли за играње во детската соба. Нема да бидат послушни кога ќе им речете да не ги користат навечер“.

„Некои родители навистина се трудат за нивното дете ниту еднаш да не почувствува разочарување. Но, децата мора да научат да се справуваат со овие емоции бидејќи ќе им треба во животот“.

teshki-vistini-so-koi-sekoj-roditel-treba-da-se-soochi-spored-nastavnici-03.jpg

„Вашата задача е да бидете родител, а не пријател. Сум разговарал со родители кои не ги воспитувале децата бидејќи им било страв дека ќе им се налутат“.

„Вашето дете не е секогаш жртва. Вашето дете не е совршено, но тоа не значи дека вие сте лош родител. Вие само треба да поставите граници и да му помогнат да стане подобра личност“.

„На дете од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите екраните како дадилки. Дозволете им на децата да им биде здодевно – ова ќе им ја развие креативноста и способноста за решавање проблеми. Научете да им кажувате ’не‘“.

teshki-vistini-so-koi-sekoj-roditel-treba-da-se-soochi-spored-nastavnici-04.jpg

„Во ред е да го казнувате детето. На децата им требаат правила и последици кога ќе ги прекршат правилата. Ова не ве прави лош родител, туку му покажува на детето дека не може да има сè што ќе посака“.

„Храната што му ја давате на детето е исто важна како и она што му дозволувате да гледа и чита“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Дали моето дете е подготвено за 1-во одделение?“ – одговор на прашањето што ги мачи сите родители Во период на уписи за прво одделение, многу родители се прашуваат дали детето е ...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg