„Дали моето дете е подготвено за 1-во одделение?“ – одговор на прашањето што ги мачи сите родители
Во период на уписи за прво одделение, многу родители се прашуваат дали детето им е подготвено, но не мора детето да знае да чита и да пишува. Пред тоа, има други вештини кои се оценуваат – кои се тие?

До крајот на мај траат и се актуелни уписите на дечиња во прво одделение, па многу родители се во паника дали нивните деца се подготвени за тоа.
Прашањето што сите ги мачи е што треба детето да знае пред да тргне во училиште, а најчесто сите мислат дека треба да знаат да пишуваат и читаат, но тоа не е точно.
Пред читањето и пишувањето, при уписот се оценуваат многу други вештини кои детето треба да ги има усовршено за да почне со училиште.
На Инстаграм се споделува објава на оваа тема, ја пренесуваме во целост:
Тестирањето за упис во прво одделение не е испит, туку процена на подготвеност.
Што всушност се проценува?
- Говор и јазик
- Внимание и концентрација
- Логичко размислување
- Моторика
- Емоционална зрелост

Говор и јазик
Детето би требало:
- Правилно да изговара гласови
- Користи долги реченици
- Разбира заповеди
- Знае основни поими (бои, облици, денови)

Моторика
Детето би требало да:
- Држи правилно молив
- Црта основни облици
- Сече со ножици
- Бои со контролирани движења

Внимание и концентрација
Детето би требало да:
- Има фокус 10-15 минути
- Следи упатства
- Чека ред
- Решава едноставни ситуации

Социјални вештини
Детето би требало да:
- Знае свое име и презиме
- Знае основни податоци (родители, адреса)
- Користи „те молам“, „фала/благодарам“
- Функционира во група

Важно:
Детето не мора да знае сè од ова перфектно, важно е да е подготвено да учи и да функционира во група.
Ако постојат некои посериозни тешкотии поврзани со говорот, вниманието, моториката, подобро е да знаете да реагирате пред да тргне во училиште.
Најважното нешто што детето треба да го понесе во училиште:
Самодоверба, љубопитност и чувство на сигурност.
А тоа го добива дома.
М. М. | Црнобело