„Имам 3 деца и едно ми е омилено, како на секоја мајка – тие што негираат, лажат“
„Едно од најголемите табуа кај родителите ее да признаат дека имаат омилено дете. Иако повеќето родители нема да си признаат дури ни себеси, сите имаме дете во чие друштво уживаме најмногу“.

Ако прашате родител кое негово дете му е омилено, ќе ви каже дека нема омилено и дека сите ги сака подеднакво.
Но, британската авторска Тес Стимсон, која е мајка на три деца, тврди дека сите родители лажат.
Во колумна за The Sun, таа вели дека има омилено дете, како и дека била свесна дека таа била омиленото дете на нејзините родители.
Сепак, Тес не открива кое дете ѝ е омилено и вели дека она што е важно е родителите да го скријат тоа од децата, како што прави и самата.
Нејзиниот став во продолжение:
„Додека си ги сакаме сите деца, ние мајките честопати имаме омилено – и колку и да се трудите да скриете, вашите деца секогаш знаат.
Како повеќето мајки, секогаш сум се обидувала исто да ги третирам моите три деца – Хенри (31), Мет (28) и Лили (23).
За Божиќ и родендени трошам иста сума за нив, сум одела на сите нивни приредби и натпревари…
Откако пораснаа и се иселија од нашиот дом, пробувам подеднакво да ги делам моето време и внимание за нив.
Но, длабоко во себе, едно од нив има посебно место во моето срце.
Едно од најголемите табуа кај родителите е да признаат дека имаат омилено дете. Поконтроверзно е отколку да кажете дека сте пушеле за време на бременоста.
Но, иако повеќето родители нема да признаат, дури ни на себе, сите имаме дете во чие друштво уживавме најмногу.
Моите родители не го криеја фактот дека јас сум им омилена, првородена од трите деца.
Бев мирно бебе и станав вредно и мотивирано дете. Се запишав на Оксфорд, а потоа изградив успешна кариера како новинар и писател.
Во меѓувреме, мојата помлада сестра Филипа беше дете со многу здравствени проблеми, не беше добар ученик и се омажи и разведе трипати.
Брат ми Чарлс, најмалиот од нас, имаше проблеми со менталното здравје и многупати им создаваше стрес на родителите.
Никогаш не се сомневав дека родителите ги сакаа и нив, но сигурно им било лесно да го преферираат детето на кое се гледале нивните родителски способности.
Јас бев одлучна да не ја направам истата грешка кога станав мајка. Го сакав Хенри од моментот кога се роди.
Кога забременив со второто дете, бев преплашена дека нема да го сакам колку што го сакам Хенри.
Второто дете, Мет, имаше проблеми со здравјето и ми создаваше проблеми што сум ги немала со Хенри.
Го сакав од мигот кога се роди, но ми требаа неколку години пред да сфатам како да постапувам со него.
Кога синовите наполнија осум и пет години, на свет дојде Лили – ќерката која толку многу ја посакував.
Како бебе, бараше многу помалку внимание од нејзините браќа и како што растеше, се поврзавме на начин на којшто можат да се поврзат само мајка и ќерка.
Низ годините, со секое од децата сум се зближувала и оддалечувала, во зависност од она што им се случува во животот.
Но, едно од нив отсекогаш било посебно за мене.
Се чувствувам виновна за ова, но не можам да направам ништо. Отсекогаш сум давала сè од себе за да го скријам и дефинитивно ги сакам и другите две деца исто.
Се сметам особено среќна што имам три прекрасни деца на коишто можам да бидам горда.
Хенри е харизматичен и добро друштво – совршен пријател за патувања. Сакам кога сум со него и многу ме потсетува на татко ми.
Мет е посериозен и го барам него кога ми треба подлабок разговор. Ме потсетува на мајка ми со неговата огромна емпатија и желбата да го направи свето подобро место.
Со Лили имам можеби најмногу заеднички нешта – таа е забавна и практична и имаме многу исти интереси.
Па, со неа минувам најмногу време деновиве – честопати заедно одиме во салони за убавина.
Но, уште се гледам и со синовите. Минатиот октомври бев на Големиот кањон со Хенри, а со Мет честопати одиме на ручек бидејќи живее во близина.
А, за тоа кое мие омилено – па треба да ги прашате нив“.
Спирова С. | Црнобело
