„Како успевам да го смирам моето дете во моменти на хистерија со само еден потег?“

„Мојата ќерка почна да оди во градинка и тоа ѝ создаде голем стрес. Често велеше дека никогаш нема да се навикне. И дома работите не одеа подобро и за секаква ситница правеше драми и врескаше хистерично... Како пронајдов решение?

kako-uspevam-da-go-smiram-moeto-dete-vo-momenti-na-histerija-so-samo-eden-poteg-01.jpg

Секоe дете понекогаш има епизоди на хистерија. Можеме ли да направиме нешто, или треба само да чекаме детето да порасне?

Една мајка сподели едноставен метод кој ѝ помогнал и тој стана вирален хит.

Нејзината исповед:

„Јас не сум стручно лице за детско однесување, туку само мајка на петгодишна ќерка.

Сепак, мислам дека најдов „формула“ што функционира и сакам да ја споделам.

Тоа всушност е начин како да се смени текот на мислите на детето што започнува да прави сцена поради некоја ситница.

Мојата ќерка почна да оди во градинка и тоа ѝ создаде голем стрес. Често велеше дека никогаш нема да се навикне.

И дома работите не одеа подобро и за секаква ситница правеше драми и врескаше хистерично.

Од градинката ми препорачаа да појдам кај детски психолог. Тоа и го направивме.

Психологот ни даде неколку добри совети, но еден беше особено едноставен и фантастичен. За него ќе зборувам.

„Прифатете ги чувствата на детето“, гласеше советот.

Психологот ми објасни дека децата треба да чувствуваат дека нивните емоции се прифатени и разбрани.

Значи, во моменти на криза (со деца над 5 години), важно е да им помогнеме да сфатат што се случува со нив.

Кога ќе го признаеме нивното чувство и ќе ги вклучиме во решавање на проблемот - хистеријата може брзо да се сопре.

Прашањето што менува сè гласи:

„Дали ова е голем, среден или мал проблем?“

Кога ќерка ми ќе почнеше да се вознемирува поради некоја причина (скршена играчка, време за спиење, домашна задача…), јас ќе ја погледнев во очи и со смирен глас ќе го поставев тоа прашање.

Од моментот кога ќе почнеше да размислува што навистина чувствува, ситуацијата се смируваше, барем кај нас дома.

Таа ми одговара, а потоа заедно наоѓаме решение, често дури и таа сама го предлага.

Мал проблем: лесно и брзо се решава.

Среден проблем: може да се реши, но со малку трпение.

Голем проблем: заслужува сериозно внимание, дури и ако на нас возрасните ни изгледа безначаен.

Ќе споделам еден пример од секојдневието...

Еден ден требаше да одбере облека за училиште. Сакашe да ги носи омилените панталони, но тие беа на перење. Почна да се лути.

Ја прашав:

„Дали ова е голем, среден или мал проблем?“

Ме погледна и тивко рече: „Мал.“

Потоа ја прашав што би можело да биде решение.

Таа рече: „Да изберам други панталони...“

Ја охрабрив и ѝ кажав дека е супер што сама го решила проблемот. Таа се насмеа и си одбра други панталони.

Родителството нема магично стапче... Да се одгледа дете и да се мине низ сите фази заедно со него е вистински предизвикувачка мисија.

Понекогаш ќе направиме грешка, но важно е да имаме мудрост да пробаме друг пат.

По многу хистерии и тешки денови со моето дете, конечно видов светлина на крајот од тунелот. Затоа го споделувам ова откритие со другите родители и искрено се надевам дека и кај вас ќе функционира“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...

Најчитани неделава