12 одлики кои ве прават добри родители, иако некогаш се сомневате во тоа

За добри родители првенствено се сметаат оние чии деца се среќни, задоволни и независни, бидејќи тоа е благодарение на вас.

12-odliki-koi-ve-pravat-dobri-roditeli-iako-nekogash-se-somnevate-vo-toa-01.jpg

Родителството е убава, но тешка задача и е вистински предизвик да се исполнат сите очекувања.

Понекогаш заради големиот притисок, родителите мислат дека не успеале во нивната улога, но ги занемаруваат оние секојдневни, мали или големи работи кои се значајни.

Доколку некогаш се сомневате во себеси, потсетете се дека овие одлики ве прават добри родители:

1. Добрите родители сфаќаат дека бракот не е само нивна работа, туку го претставуваат како пример за децата понатаму. Приврзаноста, разбирањето, толеранцијата и љубезноста, кои родителите ги покажуваат еден кон друг ќе се пренесуваат на децата и на нивниот понатамошен живот.

2. Добрите родители тешко се дефинираат бидејќи тоа зависи од различните мислења и начини на воспитување, а постојат многу начини да бидете добри родители за своите деца, важно е да верувате во себеси и повремено да ги слушате советите од поискусните, но не и да ги применувате ако сметате дека не ви одговараат на околностите.

3. Добрите родители имаат здрав однос кон парите, храната и алкохолот. Сите тие работи се учат дома и тешко се менуваат понатаму во животот, па важно е децата да го научат тоа навреме.

4. Добрите родители негуваат добри односи со своите браќа и сестри за да постават пример за односот помеѓу нивните деца кои треба да сфатат дека еден со друг тие си се најважни во животот.

5. Добрите родители можат да им кажат на децата дека во нешто не се толку добри, за понатаму вистинските комплименти да имаат поголема и пореална вредност.

6. Добрите родители покажуваат ист ентузијазам кон првото и последното дете, независно дали е за проодување или дипломирање.

7. Добрите родители бараат децата да живеат според своите потенцијали и дадат сè од себе да бидат најдобри во тоа за што ги бидува, а не им ги наметнуваат нивните неисполнети желби или очекувања.

8. Добрите родители никогаш не забораваат дека во моментите кога детето ги „презира“, плаче и кажува тешки зборови, тогаш најдобро се покажуваат на дело како родители, тоа не се моменти кога треба да попуштат, колку и да е болно, ако сметаат дека така треба да биде за нивно добро.

9. Добрите родители сфаќаат дека несреќата е заразна и дека сè потекнува од дома, па ако видат проблем кај детето, не ја бараат вината во другарчињата, туку прво си погледнуваат кон себе и се трудат заеднички да ја решат ситуацијата.

10. Добрите родители се прилагодуваат на секое нивно дете и не ја поддржуваат идејата дека не е фер да се однесуваат различно кон децата. Тие не се клонови и не треба да се поставуваат правила кои треба да ги следат слепо сите. Важно е само да има праведност кон сите деца.

11. Добрите родители знаат што и кога му се случува на детето, кога пораснало и низ кои фази поминува и како во секој момент да му пружат поддршка, дури и ако не можат во моментот да помогнат во некоја ситуација, заеднички поминуваат низ сè.

12. Добрите родители даваат сè од себе за да ги изведат децата на прав пат, на свој начин кој сметаат дека е најдобар, без никого да повредат или навредат, притоа, учејќи ги на сите вредности на животот и постојано потсетувајќи ги колку е важно да останат тоа што се засекогаш и семејството секогаш да им биде на прво место.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg