Жена објави вознемирувачки фотки со мртвото новороденче за да предупреди за неажурноста на докторите


Жена објави вознемирувачки фотки со мртвото новороденче за да предупреди за неажурноста на докторите

Уште во 26-тата недела од бременоста чувствувала дека нешто не е во ред, но докторите биле глуви за нејзините поплаки.

zhena-objavi-fotki-so-mrtvoto-novorodenche-za-da-predupredi-za-neazhurnosta-na-doktorite-01.jpg

Криси Вотсон (20) е млада жена чие срце било комплетно скршено кога во 32-та недела од бременоста родила мртво бебе.

Таа била пресреќна што конечно е бремена, откако претходно имала 3 спонтани абортуси кои ментално ја уништиле.

zhena-objavi-fotki-so-mrtvoto-novorodenche-za-da-predupredi-za-neazhurnosta-na-doktorite-03.jpg

Криси открива дека за време на бременоста почнала да искусува симптоми како отекување на нејзиното лице, раце, стапала, заматен вид и главоболки, кои траеле со седмици. Од 26-тата недела таа почнала интензивно да се жали кај докторите поради болките, а тие ја испратиле дома и ѝ рекле дека тие симптоми се нормален дел од бременоста.

Но, за жал во 32-та недела Криси за малку ќе го изгубела животот поради недијагностицираната прееклампсија и открила дека нејзиниот новороден син починал уште во стомакот.

zhena-objavi-fotki-so-mrtvoto-novorodenche-za-da-predupredi-za-neazhurnosta-na-doktorite-07.jpg

Инаку, прееклампсијата е состојба во бременоста која е закана за животот и на мајката и на нероденото бебе, а најлошиот момент е што кај Криси никој не ја дијагностицирал сè додека штетата не била направена.

Криси е разочарана од неажурноста на докторите затоа што јасно им кажала уште во 26-тата недела од бременоста дека чувствува дека нешто не е во ред. Од ужасното отекување до варирањето на крвниот притисок, знаела дека тоа не е нормално.

За да ја поткрене јавната свест на оваа тема таа направила неколку фотографии со нејзиното новороденче Кејсен:

zhena-objavi-fotki-so-mrtvoto-novorodenche-za-da-predupredi-za-neazhurnosta-na-doktorite-02.jpg

 

zhena-objavi-fotki-so-mrtvoto-novorodenche-za-da-predupredi-za-neazhurnosta-na-doktorite-06.jpg

zhena-objavi-fotki-so-mrtvoto-novorodenche-za-da-predupredi-za-neazhurnosta-na-doktorite-08.jpg

zhena-objavi-fotki-so-mrtvoto-novorodenche-za-da-predupredi-za-neazhurnosta-na-doktorite-04.jpg

zhena-objavi-fotki-so-mrtvoto-novorodenche-za-da-predupredi-za-neazhurnosta-na-doktorite-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викторија Бекам секој ден ја испраќа Харпер на училиште со моќна речен... Дизајнерката и некогашната Спајсица е одличен пример за мајка која знае како да ...
Додека мајките го сликаат совршениот оброк за во женските групи, во по... Овие фотографии се доказ дека совршените фотки од храна на домаќинките прикажува...
Маж не сакал да ѝ направи место на бремена жена во автобус, нејзиниот ... Некои луѓе едноставно немаат основна култура, но, за среќа, постојат луѓе кои зн...